Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави списанието „Повод“ број 63“ наменето за литература и култура.Ова значајно списание успешно ги промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска Австралија. Издавач на списанието „ Повод“ е „ Македонското литературно друштво „Григор Прличев “, во чија редакција се: Душан Ристевски-Македон, главен и одговорен уредник, уредниците се Иван Трпоски и Мена Ристевска, соработници се: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов (Канада), Фиданка Танаскова и Славе Николовски Катин (Македонија), а технички уредник и дизајнер е на Александар Донски. Новиот број на сисанието „ Повод“ на насловната страница ја содржи фотографијата на поетесата Лилјана Тошеска од Сиднеј, која од самиот почеток на формирањето на Литературното друштво „ Григор Прличев “ во 1978 година ја зазема функцијата на секретар каде одигра водечка улога во формирањето...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ