Skip to main content

МЛД “КОЧО РАЦИН“ МЕЛБУРН ПОСВЕТИ ВЕЧЕР НА ПЕТРЕ М АНДРЕЕВСКИ

Македонското литературно друштво “Кочо Рацин“ од Мелбурн,  на 9 ноември, 2023 година,  во просториите на библиотеката во Mill Park, одржа литературна вечер посветена на ликот и делото на Петре М Андреевски – истакнат поет, раскажувач, драмски писател и есеист. За таа цел  беше изведена монодрама за еден од ликовите во романот Пиреј, Велика од актерката Дона Димовски Кантаровски. Ликот на Велика ја симболизира борбеноста низ најтешките судбоносни моменти за македонската жена во воениот период.

Членовите ќе ја збогатија програмата и со поезија  и мудри мисли од Петре М Андреевски, читаа Крсте Наумовски Мечкар, Лидија Стојаноска (Дожд, Мајка бежанка и извадоци за Македонија)  Стеван Ацески, Вера Горгиоска, Гордана Димовска, и од публиката се придружи Весна Дамчевска. Оваа вечер беа изложени и книги од авторите Крсте Наумовски Мечкар, Нове Младеновски, Јагода Котеска Здравеска, Гордана Димовска.

Добредоjде на присутните им посака претседателката на МЛД Кочо Рацин, Мелбурн, Гордана Димовска.

Почитувани присутни, добро ни дојдовте на ова наше литературно читање. МЛД Кочо Рацин веќе осум години работи на организирање на саеми на книгата, поетски читања, промоции на книги. Секогаш имаме нешто различно со цел да ја промовираме македонската литература и македонскиот литературен јазик во Австралија. Овојпат се одлучивме за вечер посветена на истакнатиот поет, раскажувач, драмски писател и есеист Петре М Андреевски.

Ликот на Велика ја симболизира борбеноста низ најтешките судбоносни моменти за македонската жена во воениот период. Се надевам ќе биде интересно доживување и убав начин да се долови карактерот на Велика, нејзините страдања, тага по загубените деца и храброста да најде начин да опстојуваСе заложивме од самото формирање да ја промовираме македонската литература, да го негуваме јазикот во сите форми и на сите можни начини. Важно е да му се даде посебно место на читањето. Тоа е корисно за развојот на мислата, збогатување на речникот, подобра комуникација.

Читањето е како копче за пауза, треба да подзастанеш и да се концентрираш кога читаш. Придобивките од оваа активност ја заоструваат меморијата и способноста за учење. Книгата е извор на знаење, јазикот е коренот на нашето постоење и препознатлив национален белег.

Сакај ја книгата, негувај го јазикот.









 






Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...