Skip to main content

Македонски фестивали на храна во Австралија – обединете се!

МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛИ НА ХРАНА ВО АВСТРАЛИЈА – ОБЕДИНЕТЕ СЕ ОПРАВДАЈТЕ ЈА ПРИЧИНАТА ЗА СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ, ПРОМОВИРАЈТЕ ЈА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО ЦЕЛОСТ

Уште од антика, во секое општество, без разлика на местото и времето, имало фестивали, пред се насочени кон верата, посебната локална култура и секојдневниот живот. Празнувањето на исклучителни настани, или на обожавање и чест, на божество, херој и истакнати личности се древни. Фестивалите треба да придонесат за промоција на различни форми на уметничко изразување, но и искористување на културниот потенцијал во местото каде се одржуваат.

Културен фестивал е прослава на традициите на одреден народ или место. Штандовите кои се обидуваат да презентираат јазик или за какви услуги нудат во Заедницата се сосема занемарени, Публиката стои/седи само во центарот каде се игра и пее. Како го промовираме јазикот и другите услуги кои се нудат за нашите во Заедницата низ оваа бучава и обидите да се дојде на ред да се купи јадење или кафе.

Водителите се мачат да зборуваат на македонски и речиси ништо не кажуваа за целите на самиот фестивал нити презентираат учесниците како што треба. А и кому му е до јазикот кога има музика и скара? Јазикот веќе си го губи своето значење, како да не е ништо важно, секој си зборува како знае и умее и овде и во Македонија. Поминуваа луѓе од разни етнички групи, Австралијани, едно прашање беше Каде е Македонија, каква е Македонија, продавте ли карти за патување – би сакал да одам да ја посетам таа земја. Значи треба да имаме нешто повеќе за Македонија, информативен штанд со се за Македонија, не само скара, игра и песна.

А други наши возрасни кои имаат интерес сега да учат Македонски – прашаа: а каков македонски би не учеле? Оној на кој збруваа нашите баби и дедовци?? Те наведува да се запрашаш, Колку видови Македонски имаме – навистина? Училиштата во Викторија каде се предава македонски јазик повеќе од 46 години, маки мачат да ги задржат програмите од година до година, а сме имале 50.000 Македонци во Викторија а само 500 деца запишани во сите училишни центри во Викторија. Што треба тука да се подобри? Каде заспала свеста за зачувување на јазикот. Кога нешто имаме умееме лесно да го игнорираме и избегнуваме се додека не се уништи и после враќање нема. Како низ историјата – неми сведоци на самоуништување. Родени да се самосожалуваме кога се ќе се уништи, ќе му дојде крајот.

Освен традицијата, фолклорот, јазикот треба да заземе посебно место на сите вакви настани во дијаспората како препознатлив белег на македонската нација. Да се инволвираат литературните асоцијации, учителската асоцијација, да се направи вистински план кој би опфаќал читање поеми, драмски изведби, презентација на македонска литература, македонски обичај. Токму јазикот помага да се зачуваат културите, како што е и нашата која се обидуваме да ја презентираме, промовираме.

Сите поединци треба да се чувствуваат слободни да ја истражуваат посебноста на нивната култура и идентитет. Јазикот е еден од најважните аспекти на културата. Без јазик, нашите спомени би биле крајно ограничени. Јазикот ни помага да ги пренесеме идеите, знаењето па дури и начинот на мислењето, на наредните генерации. Дали ќе успееме само со одржување на фестивали на храна или да работиме на свеста за тоа колкава е неговата важност.

Јазикот е облека на мислата. Ниту еден друг јазик не може да ја пренесе магијата на емоциите како што може мајчиниот јазик. Да го сакаме, почитувааме и негуваме.

Македонската храна заедно со обичаите, јазикот, писмото и културата  се непроценливо богатство во македонската традиција.

Идејата за ваков фестивал во Мелбурн се роди во 2012 година, по иницијатива и организација на Лидија Нешковска, под името Македонски фестивал на храна во населбата Вилиамстеон настаната во 1837 година и брои 14.400 жители. Williamstown има историско значење и ужива популарност како прво морско пристаниште. Но после тоа некои ја украдоа идејата и оформија друг, - културен- фестивал. Како и секогаш во се треба да има недоразбирања, неслога, поделби во лидерствата и од едно правиме две – исти наместо тоа едното да се развива и постои, опстојува како пример за обединување на македонската Заедница во Мелбурн. И по многу децении се уште обединувањето е странски поим. Сите друштва, асоцијации од било кој карактер, оперираат самостојно и ниту едно не може да добие голема посетеност затоа што ги има многу и не се соработува со други. Целта не е само да сме видени, да не прикажат на неко веб портали, фејсбук профили, целта треба да е поголема и да го оправда името Македонски фестивал на храната или Македонски културен фестивал – во секоја смисла на зборот.

 Гордана Димовска

Мелбурн, Австралија


Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.