Skip to main content

Posts

Showing posts from January, 2024

МАКЕДОНИЈА НИЗ ВРЕМЕТО

Гордана Димовска -  Земја на исконот, земја каде се е во вистинска големина, и архитектурата и луѓето кои се живи паметници, и се најефективна демонстрација на своите потомци. Уште во 1840-тите години Македонија била предмет на проучување од страна на безброј светски патеписци, истражувачи кои со нескриено задоволство забележувале за природните убавини но и настаните на Балканот под отоманска империја.   Така во 1858 година, Австрискиот конзул Вон Хан пропатувал низ Македонија за да забележи дека постојат премини низ планиниските масиви за кои претходно географичарите сметале дека го делат Балканскиот полуостров. Ова негово истражување било доставено до Империјалистичката научна академија во Виена и го поттикнало планирањето за инфраструктурната мрежа, односно изградба на железничка пруга од Централна Европа до Егејот. Со тоа им се олеснило патувањето на сите оние заинтересирани да ја посетат и истражуваат Македонија и како што велат, да бидат во центарот на вниманието. ...

ОНИЕ ШТО НЕ ЗНААТ ДА ЧИТААТ НЕ КРАДАТ КНИГИ, А ОНИЕ ШТО ЗНААТ, НЕ СЕ КРАДЦИ

72-годишниот продавач на книги, Мохамед Азиз, од Рабат, Мароко , поминува од 6 до 8 часа дневно читајќи книги. To ј има прочитано преку 5000 книги на арапски, француски и англиски јазик, Т ој е најстариот продавач на книги во Раб ат каде продава 43 години и тоа на истата локација. На прашањето за оставање на неговите книги надвор без надзор каде што потенцијално би можеле да бидат украдени, тој дал многу мудар одговор: О ние што не знаат да читаат не крадат книги, а оние што знаат не се крадци. Macedonian Timeline Australia

АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ЧИСТИ МАКЕДОНЦИ - ДИМИТАР ВАСИЛЕВ - МАКЕДОНСКИ

Димитар Македонски го гледа својот народ како антички Македонци, па во една своја статија пишува дека античките Македонци не ги голтнала земјата, туку дека се чисти Македонци: „...И jа понаучете си малце историjата ... и ќе се уверите дека Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, тие не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, не се согрешиле некогаш толку та да зине земјата па да ги голтне“ (в. Македонија од 16.02.1871) Димитар Василев Македонски ( 1847 - 1898 во Цариград, денешен Истанбул) — македонски преродбеник, просветен деец и учебникар. Роден е во селото Емборе, Кајларско, Беломорска Македонија во 1847 година. Macedonian Timeline Australia

ФРАНЧЕСКО НИТИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Франческо Нити (1868-1953) - пратеник во парламентот на Италија, а подоцна ги извршувал функциите Министер за финансии и Министер за надворешни работи на Италија. За Македонија пишува: “ Македонското прашање се уште не е решено, но кое прашање е решено?Во старите политички рамки, секое решение е невозможно. Секоја борба за влијание неминовно доведува до конфликти: секоја протекција на странска сила доведува до други протекции и до други сплетки, секое жртвување на угнетените народи, буди кај народите жестоки сништа.