Skip to main content

МАКЕДОНИЈА НИЗ ВРЕМЕТО

Гордана Димовска - Земја на исконот, земја каде се е во вистинска големина, и архитектурата и луѓето кои се живи паметници, и се најефективна демонстрација на своите потомци.

Уште во 1840-тите години Македонија била предмет на проучување од страна на безброј светски патеписци, истражувачи кои со нескриено задоволство забележувале за природните убавини но и настаните на Балканот под отоманска империја.

 Така во 1858 година, Австрискиот конзул Вон Хан пропатувал низ Македонија за да забележи дека постојат премини низ планиниските масиви за кои претходно географичарите сметале дека го делат Балканскиот полуостров. Ова негово истражување било доставено до Империјалистичката научна академија во Виена и го поттикнало планирањето за инфраструктурната мрежа, односно изградба на железничка пруга од Централна Европа до Егејот. Со тоа им се олеснило патувањето на сите оние заинтересирани да ја посетат и истражуваат Македонија и како што велат, да бидат во центарот на вниманието.

 Една амерканска новинарка во 1906 година изјавила: „ Ако дојдеш во Македонија, ќе доживееш нешто кое го нема во никоја друга земја во Европа”.

 Светот постојано се навраќа и пишува за големиот воин, двигател на светот, најславниот војсководец, Алек­сандар Маке­донски. И ден денес е лик за кој секој сака да знае, да открие нешто повеќе. Тој е еден од највпечатливите меѓу големите луѓе во историјата кој ја импресионира човечката имагинација. Понесени од фасцинантоста на тој период од историјата, Музејот во Сиднеј Австралија, во 2013 та година, ја направи една од најголемите егзибиции во историјата, насловена како 2000 години вистинско богатство‘. Преку раритетните 400 објекти донесени од Русија, навлезе во времето на Античка Македонија.

 Францускиот поет, книжевник, Пјер Беарн во своите дела објавува дека Филип Втори бил најуспешниот крал, а Александар Македонски, неговиот син, најголем и славен војсководец. Во еден извадок за Филип Втори вели: “Неговиот дом е тука во Пелагонија, Македонија. Тој не е Грк. Во 336 п.н.е Грците се кренаа против Македонската доминација. Во 335 грците го положија оружјето а Александар влезе во Атина како победник. Кога ќе помислам дека тој беше тука, и јас чувствувам потреба да викам, да трчам, да се радувам, да постанам жител на светот на слободата, да мислам дека секој ме сака, и јас да ги сакам сите.”

 Македонците ја имаат преживеано сагата на најстрашните колежи. Во три Македонско – Римски војни, илјадници статуи, голем број на оружје од фалангата, биле ограбени. За Македонците во споредба со грците се мислеше дека се вистински робови и според историчарот Монсен, “Македонија се претвори во жална провинција.’

 Христијанството започна токму во Македонија со доаѓањето на Апостол Павле. Првите европски христијани што се христијанизирале на тлото на Европа биле Македонци.

 Според Бјерн, теракотните икони во Виничко се едни од најзначајните христијанските икони во светот а секоја педа македонска земја, изобилува со антиквитети.

 Македонија ги даде и светите браќа Кирил и Методиј, ко денес во Европа се третирани како сезаштитници на европскиот континент, луѓе кои го просветија човештвото.

 Над осумдесет светители се етнички Македонци кои денес се слават во католичките и православните цркви.

 Земја на цареви, и великани, па така важно е да се спомене и визатнискиот цар Јустинијан, кој бил роден во Македонија. А етнички Македонци биле и византиските цареви, припадници на Македонската династија која владеела од 9-11 век.

 Кога сме кај древномакедонската митологија, таа отсекогаш била силен крепител на македонската народна посебност. Нашиот јужен сосед создаде археологија врз база на митологијата кој ги воскресна до вечноста. Грчката пропагандна машинерија ги направи сите Богови грчки. Се што било славно и светло на Балканот го присвојуваат и прогласуваат за грчко. Но докажано е дека постојат и македонски Богови и Божици.

 Постојат наоди за постоење на божицата Ма (пра – мајка) за која се смета дека била од старо бригиско потекло и си имала посебни специфичности кај Македонците што ги нема кај другите народи.

 Уште од вториот век пред Христа, Македонците континуирано се наоѓале под ропства, окупации за во 1913 година се потпише и територијална поделба со кобниот Букурешки договор. Договор кој е полн со неправилности и недоречености за нелогичното разграбување на македонско парче земја. Изработената карта на Димитрија Чуповски била уште една потврда за решеноста на нашиот народ да ја искаже посебноста и причини за самостојност на Македонија. Но големите сили останале неми на нашите барања да се ревидира тој договор. Денес претставува единствен меѓународен договор кој не е потпишан од страна на сите големи сили и кој не ги зеде во предвид барањата на Македонците за зачувување на идентитетот и единството на цела територија.

 Без оглед на странските пропаганди за негирање на се македонско, Македонија и Македонците опстојуваат и си имаат посебно место во светската цивилизација. За било кој период да станува збор, Македонија е доволно голема во очите на светската јавност. И понатаму ќе се пишуваат нови страници за нејзината историс­ката и културна величина.

 

Гордана Димовска

 (Објавено на Македонија нација 2.9.2015)

 


Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21) - By Slave Nikolovski - Katin

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21)      PART OF THE BOOK   “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the history it is noted that the Macedonian people from the Aegean part of Macedonia, together with all its ethnic brethren from Macedonia in 1903 rose to a rebellion to fight for their freedom and an independent Macedonian state. Only ten years later Macedonia was brutally attacked, occupied and divided from its neighbors Greece, Serbia and Bulgaria, and later from Albania; division confirmed by the European great powers, of August 10, 1913, with the Treaty of Bucharest. It is known that the Macedonians existed in 1912 and in 1913. In fact, the whole world knew that the Macedonians existed even before, since read about them in history books and other information media. The whole world read about the Ilinden Uprising of 1903 and how the Macedonian people are trying to get rid of the yoke. Today we have hundreds of newspaper clip...