Расказ од Нове МЛАДЕНОВСКИ За еден обичен брачен живот потрошен во иселеништво а сведен на едно едноставно прашање: “Дали погрешивме? " ... Влегуваме со колата во селскиот двор во кој многу одамна сум ги направил првите чекори во мојот живот. Татковата стара куќа што му ја препуштивме на најмладиот брат, се гледа дотерана, средена со уреден двор. Останале само неколку елементи во дворот кои можеби тајно воздивнуваат по старите времиња. Каменото корито, клесано во монолитен камен, стои како нем сведок на тајните на генерациите што се раѓале и завршувале во тој двор. Колку ли само момински нозе се измиени во тоа корито по напорната земјоделска работа. Една дотраена плевна од комшиите се уште се крепи за ѕидот од земјани тули ѕидан уште во турското. Се уште стои и кочината што ја ѕидал мојот татко, напуштена и заборавена. Излегуваме од колата. За момент како да ги видов силуетите на покојна ми мајка и изнемоштениот татко на чардакот.. “Се вративте ли сине?. Се стори вечнос...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ