Skip to main content

МАНАСТИРОТ „СВ. ЃОРЃИ“ ВО КУРБИНОВО – ЗНАЧАЕН МАКЕДОНСКИ СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА (2) - Славе Николовски - Катин


ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН



sv-gjorgji-kurbinovo

Често се вели дека Курбиново и Претор се познати туристички места; Курбиново по значајниот културен објект – црквата „Св. Ѓорги“ од дванаесеттиот век, додека Претор со своето летувалиште, песочните плажи, зимскиот рекреативен центар, угостителските објекти и бројните викенд куќи.

Инаку, Курбиново и Претор се познати туристички места; Курбиново по значајниот културен објект – црквата „Св. Ѓорги“ од дванаесеттиот век, додека Претор со своето летувалиште, песочните плажи, зимскиот рекреативен центар, угостителските објекти и бројните викенд куќи.

Инаку, селото Курбиново се наоѓа на околу 2 км од североисточното крајбрежје на Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Баба односно нејзиниот разгранок Голема Чука, на надморска височина од 950м, со околу сто и триесетина жители. Тоа е старо христијанско село, во кое секогаш живееле православни Македонци.  Курбиново, често го нарекуваат село со стари воденици.

Според пишаните документи, Курбиново е дислоцирано село. За негова претходна локација се споменуваат месностите: Стара Ливада и Долга Ливада. Тоа се граничи со Рајца и Грнчари од север, со подрачјето на општината Цапари од исток, со селото Сливница на југ и од Претор на југозапад.

Низ атарот на селото тече Курбинска Река која никогаш не пресушува, но нејзиниот водотек во летниот период значително се намалува, посебно од кога дел од изворите на реката се зафатени со водоводот на Курбиново, Асамати и Претор со туристичката населба.

Во селото постојат повеќе локалитети од археолошко значење и тоа Каштино, населба и топилница од доцно античко време како и средновековната тврдина Кула. На 2 км североисточно под селото, на ридот Кулишта постојат грамади од кршен камет, покривни ќерамиди и контури на одбранбен бедем, а по површината се среќаваат фрагменти од ќерамички садови.

Селото Курбиново било на страната на Народно-ослободителната борба и бројни жители дале придонес за иднината на денешна Република Македонија. Во текот на Бтората светска војна борците Јонче Ѓеоргиевски и Крсте Гелевски ги дале своите животи за слобода на Македонија.

Курбиново е повекевековно христијанско село во кое има четириесетина куќи со бели фасади и уредени дворни места. Во селото има две цркви „Св. Богородица“ и манастирската црква „Св. Ѓорѓи“. Со право се вели дека селото Курбиново е најпознато во Преспа  и пошироко по манастирската црква „Св Ѓорѓи“, која е духовен бисер на Македонија

Меѓутоа, посебно место во историјата на Преспа има, секако, манастирот „Свети Ѓорѓи“ од Курбиново, кој се напѓа во селото Курбиново. А, ова преспанско село се наоѓа на околу 2 километра од североисточното крајбрежје на Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Баба, односно нејзиниот разгранок Голема Чука, на надморска височина од 950 метри, со околу сто и триесетина жители. Курбиново, често го нарекуваат село со стари воденици.

Панорама село Курбиново, Преспа [Дрон Видео] Drone Footage village Kurbinovo,  Prespa, Macedonia 🇲🇰 - YouTube

Патот за црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново води од магистралниот делница Битола - Ресен, некогашниот римски "Виа Егнатиа", кај крстосницата "Макази". Таму се одделува патот кој води до границата со јужниот сосед кај Маркова Ногадо селото Долно Дупени. 

Тој дел на Преспа се наоѓа под Баба Планина позната уште и како Пелистер, а е на самиот брег на Преспанското Езеро. Кај селото Асамати, пак, патот се дели и еден крак води кон селото Курбиново, познато со својот манастир, односно црква посветена на св. Ѓорѓи. Црквата се наоѓа над селото, во пазувите на Баба Планина.

Околината низ која минува патот, кој е одвај 4- метра, не е толку живописна, колку величествениот поглед кон планината и особено панорамата на волшебното и речиси секогаш мирното Преспанско Езеро. Црквата "Св. Ѓорѓи" е една мала и неугледна, еднокорабна градба која, оддалеку, и не се познава дека е црква.

Црквата „Свети Ѓорѓи“ е изградена во 1191 година, што се гледа од натписот над олтарот. Според науката, тоа е времето на владеењето на Комненовците со Византија, кога во црковното градителство доминира разнообразност на архитектурните форми на цркви, особено, еднокорабни со едно или дури пет кубиња и тоа се смета за чиста Цариградска концепција, или измешана со "провинциски" комбинации.

Овој значаен споменик на културата во Курбиново не се одликува толку со архитектурата, туку со извонредниот живопис. Тој, освен чисто Цариградски елементи во претставувањето на монументално замислениот иконографски распоред на живописот, во одделни композиции или фигури, има внесено нови елементи, што во престолнината Цариград и надвор од него, никаде не е толку изразито предаден како во Македонија.

Затоа, често се вели дека во Курбиново се крие прочуената манастирска црква „Свети Ѓорѓи“, која Преспа ја велича во научните кругови. Црквата „Свети Ѓорѓи“ е една мала и неугледна, која, оддалеку и не се забележува дека е црква сè додека посетителот не ѝ се приближи и не го здогледа олтарот на источната страна.

Продолжува


C:\Users\User\Downloads\5.jpg

Пишува: СЛАВЕ КАТИН



Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...