Skip to main content

Posts

Showing posts from February, 2026

ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ - 74 ГОДИНИ БУРЕН ЖИВОТ И ГОЛЕМИ ДЕЛА

Госпосинот Џорџ (Ѓорѓија) Атанасоски е еден од најуспешните македонски бизнисмени во САД и во светот, за што е добитник на бројни награди, меѓу кои и на  највисокото американско општествено признание “Елис ајленд” Тој е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Нему му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето кои имаат големи заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.  Монографско дело „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ на авторот Славе Николовски - Катин, кое има две изданија, во 2012 и 2015 година, со 470 и 500 страници, во издание на „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, а  е на македонски и на англиски јазик, е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и...

55 ГОДИНИ ОД ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА „МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“

„МАКЕДОНСКА НАЦИЈА" (1971—1990) — МИНХЕН Гласилото „Македонска нација" беше регистрирано како независно списание за општествени прашања и култура, како двомесечник и се печатеше во Минхен. Првиот број е отпечатен на 30 јануари 1971 година (како двомесечник за јануари—февруари), во почетните броеви како незавионо гласило, а потоа како орган на Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ) и на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОФМ). Се печатеше на македонски јазик, на триесетина страници, на формат како списание на 21 х29 см. Главата на списанието е на македонски јазик, меѓутоа се менува бојата на секое клише. Од шестиот број понатаму се наведуваат уредниците, најнапред е Драги Радински, потоа Драган Богдановски, потоа инж. Танас Ташев, Благој Шамбевски, Ване Самоилов и други. Во воведната статија од првиот број се нагласува следното:  „Само во еден дел од нашата страдална татковина, во Вардарска Македоиија, Македонецот денес може слободно да го изрази своето национ...

ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР - ЗНАЧАЈНО ХРИСТИЈАНСКО СВЕТИЛИШТЕ ВО ПОЛОГ

    ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ“ НА СЛАВЕ КАТИН Лешочкиот манастир е православен манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Тетовско. Манастирот е сместен во природен амбиент во близина на селото Лешок, на надморска височина од 610 метри. Во комплексот се наоѓаат црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век На 8 км североисточно од Тетово, во подножјето на Шар Планина, се наоѓа селото Лешок со манастирот „Св. Атанасиј“. Непосредно од северозападната страна се издига величествената Шар Планина која, со својата убавина во сите годишни времиња, дава импозантна слика. Највисоките делови во пролет се под бела снежна покривка која како огледало ги одбива зраците на пролетното сонце.  Асфалтниот пат кој поминува низ селото Лешок кон планинските села Брезно и Варвара во минато...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.