Госпосинот Џорџ (Ѓорѓија) Атанасоски е еден од најуспешните македонски бизнисмени во САД и во светот, за што е добитник на бројни награди, меѓу кои и на највисокото американско општествено признание “Елис ајленд”
Тој е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Нему му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето кои имаат големи заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.
Монографско дело „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ на авторот Славе Николовски - Катин, кое има две изданија, во 2012 и 2015 година, со 470 и 500 страници, во издание на „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, а е на македонски и на англиски јазик, е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.
Господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски е роден на 18 февруари 1952 година во селото Марул, Прилепско, од татко Алексо и мајка Спасија.. Тој во брак има четири сина кои успешно одат по неговите стапки. Во неговото потесно семејство се и сестра му Виолета, која е кардиолог на Флорида, а брат му Јосиф, кој е позната и призната личност во бизнисот во американското општество.
Во 1970 година Атанасоски заминува за САД, кај својот постар брат Јосиф, со кого ја почна својата кариера како инженер вработен на Универзитетот во Њујорк. По само пет години сложните браќа формирале своја фирма што подоцна ќе прерасне во голема компанија. Седиштето на “Мајкрофлекс инк.” е во Ормонд Бич на Флорида чии целосно автоматизирани погони се распослани на над 16 илјади квадратни метри. Врвниот квалитет на флексибилните метални производи ги задоволуваат потребите на светски познатите: Форд, Крајслер, Џенерал моторс, Џенерал електрик, НАСА и други фирми ширум светот
Меѓутоа, бизнисменот Атанасоски е препознатлив како најзначаен инвеститор од Македонците во дијаспората кои инвестирале во дедовската земја - Република Македонија. Тој е основач на Македонски светски неделник “Македонско сонце”, на претпријатијата “Мак ам”, како интернационална компанија, на хотелот со бензинска пумпа “Сонце ГА” во Прилеп, долги години ја држеше најпатриотската телевизиска станица во Македонија ТВ “Сонце” во Скопје, “Жито Прилеп” во Прилеп.Со тоа тој се вбројува меѓу економски најуспешните Македонци во светот. Иако подолго време престојува во Америка, од своето емигрирање до денес, тој е нераскинливо поврзан со судбината и со настаните во Македонија.
Меѓу другите активности во новата средина во САД, господинот Атанасоски стана член, а подоцна и секретар (1974-1980) на една од најстарите македонски организации во Северна Америка, Македонската заедница во Њујорк. Организацијата ја промовираше македонската нација, нејзината историја и култура. За време на работата во Македонската заедница во Њујорк, тој ја обедини македонската заедница преку спонзорирање на социо-културни настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, симпозиуми, вечери на поезија, спортски настани и слично. Тој е особено активен во промовирањето на демократијата во Македонија.
Имено, тој е шеф на Организацијата за заштита на македонското име, знаме, Устав, како и промоција на признавањето на Македонија како суверена држава од страна на земјите во светот.. Паралелно со промовирањето на демократијата во Македонија, во мај 1992 година господинот Атанасоски ги фокусираше своите напори за финансиско помагање на Светскиот македонски конгрес (СМК). Оваа асоција е широка организација која го форсира цивилното општество и економскиот развој, ги координира и им дава техничка поддршка на невладините организации. Истата година, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски е избран за претседател на Светскиот македонскиот конгрес за Северна Америка, една од највлијателните македонски невладини организации во светот. Неговата работа во СМК резултира со организирање хуманитарни активности за спонзорирање на истражувачки работи од областа на историјата во Македонија.
По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Атанасоски активно се вклучи на македонската политичка сцена, а на меѓународен план е еден од најголемите борци за зачувување и негување на националните интереси на Македонците во земјава и во светот, при што особено внимание посветува на нивниот економски напредок.
Меѓу другите активности во новата средина во САД, господинот Атанасоски стана член, а подоцна и секретар (1974-1980) на една од најстарите македонски организации во Северна Америка, Македонската заедница во Њујорк. Организацијата ја промовираше македонската нација, нејзината историја и култура. За време на работата во Македонската заедница во Њујорк, тој ја обедини македонската заедница преку спонзорирање на социо-културни настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, симпозиуми, вечери на поезија, спортски настани и слично. Тој е особено активен во промовирањето на демократијата во Македонија.
По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Атанасоски активно се вклучи на македонската политичка сцена, а на меѓународен план е еден од најголемите борци за зачувување и негување на националните интереси на Македонците во земјава и во светот, при што особено внимание посветува на нивниот економски напредок.
Од 1996 година до денес, господинот Атанасоски е претседател на партијата “Македонска алијанса”. Партија е регистрирана во Скопје, но има свои ограноци речиси во сите земји во светот, во кои живеат Македонци и е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Промовирајќи ги своите патриотски ставови, Македонска алијанса стана синоним за националната борба на македонскиот народ. За таа цел, во 1998 година Македонска алијанса ја формира “Македонската национална коалиција”, со која учествуваше на парламентарните избори.
Македонската алијанса продолжува со својот амбициозен план за развој на македонската економија, за излез од кризата и за развој на државата. За таа цел, партијата нуди рака за соработка со сите Македонци и малцинства во Република Македонија, за во иднина сите да партиципираат во севкупниот просперитет на државата.
Потврда за тоа е и фактот, дека во Прилеп, од каде одамна кинисал по светот, за да се задоми во Соединетите Американски Држави, инвестира, гради и помага, успешно менаџирајќи фирми, кои под неговата диригентска бизнис - палка, станаа препознатлив бренд во градот под Марковите кули. И, се разбира, пошироко, и повисоко, до каде достига погледот и на статуата на најголемиот цар на сите времиња епскиот јунак Александар Македонски, среде Прилеп, за чија изградба донацијата е на господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.
Познатиот македонски бизнисмен Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски е уште поголем хуманист, донатор и мецена на многу важни национални културни манифестации во Република Македонија и во прекуокеанските земји, каде живеат и работат многубројни Македонци, дава сеопфатна стручна економска и политичка анализа за состојбите во земјава и пошироко.
Затоа, со право се вели дека еден од македонските патриоти, бизнисмени и хуманисти, кој со својата харизма, упорност и докажани дела и вредности, и кој со својата харизма и неотстапност останува доследен и горделив Македонец, двигател на мислата за слободна Македонија, за обединет македонски народ во своите етнички граници, е Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Тој заслужува големо признание за сето она што го прави за татковината, за Прилеп, за македонскиот народ како претставник на лозата Атанасоски.
Тој долги години се занимава со изработка на софистицирани флексибилни метални висококвалитетни производи наменети за авионската, за автомобилската, за машинската индустрија итн., при што е добитник на многубројни високи меѓународни награди за успешен бизнисмен. Дел од својот капитал инвестира во Прилеп и во Скопје, а успешно се занимава и со други професионални и стручни ангажмани.
Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски долги години работи за Македонија, за Македонците и македонското прашање, обединувајќи ги македонските иселеници со спонзорирање на социо-културолошки настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, спортски настани и друго. Соработува со американските власти за унапредување на правата на Македонците во САД. Особено е активен во промовирањето на демократијата во Македонија. Шеф е на Организацијата за заштита на македонското име, знаме, Устав и промоција на признавањето на Македонија како суверена земја од страна на земјите од светот. Остварува блиски контакти со повеќе дипломати и организации.
Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, непрекинато повикува на сплотеност и единство на својот род. Укажувајќи дека тоа е бедемот на нескршливоста и непокорот, патот да се премостат многуте тегоби, неправди и злото, без разлика од каде и да доаѓаат тие. Единството и заедничкото дејствување се своевидна нескршливоста, на успехот и справувањето со сите предизвици на модерното време, темел во новиот милениум во кој ја изодуваме новата декада.
Таквите угледни бизнисмени, патриоти - вљубеници во својата татковина, секогаш ги водионаа родољубива и света мисла – никогаш да не престанат да го заштитуваат својот народ, и да бидат онаа непремостлива брана, во бедемот на одбраната на неговиот идентитет и национална самобитност.Од најблиските и подалечните тој не случајно е наречен легенда, што е сосема заслужен епитет за Атанасоски, кој се вброи во елитните бизнис – формации и во татковински мисионер.
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски е еден од столбовите на акциите организирани и реализирани во битката за самостојна, суверена и независна македонска држава. Нему му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето, кои имаат корифејски заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис – мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Comments
Post a Comment