Skip to main content

ВО АВСТРИСКАТА ВОЈСКА ОД 17 ВЕК ИМАЛО ДВАЈЦА КАПЕТАНИ МАКЕДОНЦИ!


Прилог од Александар Донски

(Објавени неодамна пронајдените оригинални писма од царот на Светото Римско Царство Леополд Први од 17 век со кои го зема под заштита македонскиот народ) 


Неодамна во Штип во свечената сала на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ се одржа промоција на книгата под наслов: „Оригиналниот ракопис од прогласот и останатите печатени прогласи на царот Леополд Први од 1690 година со кој го зема македонскиот народ под своја заштита“ од авторите Џони Тодоровски од Холандија и м-р Александар Донски од Штип. Книгата ја промовираше академик Стојко Стојков (професор по историја на УГД од пиринскиот дел на Македонија). Во книгата за првпат во јавноста е објавен оригиналниот ракопис од Прогласот на царот на Светото Римско Царство Леополд Први со кој го зел под своја заштита македонскиот народ откако претходно кај него на прием биле двајцата Македонци Марко Краида од Кожани и Димитрија Ѓорѓи Поповиќ од Солун, кои го замолиле царот да објави ваков Проглас. Интересно е тоа што преписот на овој Проглас кај нас досега повеќе пати е објавен, но никаде не е спомнато како можеле овие двајца дека Македонци да бидат примени од царот Леополд Први кој во тоа време бил еден од најмоќните луѓе во светот, па кај нашите историчари постоеше дилема во врска со ова. Благодарение на оригиналниот ракопис на текстот од Прогласот (што неодамна го откри Џони Тодоровски во Државниот архив во Виена) јасно е навестен начинот на кој овие наши сонародници биле примени од царот Леополд. 

Едноставно, тие биле офицери (капетани) во неговата војска, кои под своја команда имале неколку стотици војници, па како такви побарале и реализирале прием кај царот по што тој го објавил својот Проглас за заштита на македонскиот народ. Фактот дека тие биле офицери во војската на Светото Римско Царство беше изоставен во досега објавените преписи на овој Проглас кај нас, па со оваа книга се разјаснува оваа дилема. Освен овој Проглас, во книгата (која е двојазично објавена на македонски и на англиски) се објавени и ракописите на други прогласи во кои е спомната Македонија. Книгата е во издание на Македонскиот институт за културни, јазични и научни студии „Хелиос“ со седиште во Холандија, чиј претседател е Џони Тодоровски. Организатор на промоцијата беше Факултетот за образовни науки при УГД. Модератор на промоцијата беше проф. д-р Оливер Цацков, а извадоци од книгата читаше студентот по историја и археологија Анастасија Донска.

           




Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ТЕАТАРСКИ СПЕКТАКЛ КОЈ ГО ЗАПАЛИ СВЕТИ НИКОЛЕ

Театарската претстава „Хај-Фај сватови“ ги крена сите на нозе – публика во транс и брилијантна глума која ќе се памети! ​Свети Николе беше центар на вистинска уметничка магија и театарски триумф! Во атмосфера преполна со емоции, смеа и громогласни аплаузи, театарската претстава „Хај-Фај сватови“ го доживеа својот врв, оставајќи ја публиката без здив и на нозе. Тоа не беше само обична театарска претстава – тоа беше вистинска културна експлозија која покажа колку силно бие срцето на македонската уметност. ​Уште со првите минути и подигањето на завесата, сценската енергија ја исполни салата до последното место. Претставата „Хај-Фај сватови“, која на маестрален начин ги испреплетува традицијата, модерното време, хуморот и живописните човечки судбини, успеа да допре до срцето на секој еден гледач. Актерски ансамбл кој доминираше на сцената ​Оваа театарска бајка ја носеше феноменална актерска екипа која покажа врвна професионалност, харизма и брилијантен уметнички израз: ​Габи ја...