Skip to main content

55 ГОДИНИ ОД ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА „МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“





„МАКЕДОНСКА НАЦИЈА" (1971—1990) — МИНХЕН

Гласилото „Македонска нација" беше регистрирано како независно списание за општествени прашања и култура, како двомесечник и се печатеше во Минхен. Првиот број е отпечатен на 30 јануари 1971 година (како двомесечник за јануари—февруари), во почетните броеви како незавионо гласило, а потоа како орган на Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ) и на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОФМ).

Се печатеше на македонски јазик, на триесетина страници, на формат како списание на 21 х29 см. Главата на списанието е на македонски јазик, меѓутоа се менува бојата на секое клише. Од шестиот број понатаму се наведуваат уредниците, најнапред е Драги Радински, потоа Драган Богдановски, потоа инж. Танас Ташев, Благој Шамбевски, Ване Самоилов и други.

Во воведната статија од првиот број се нагласува следното: „Само во еден дел од нашата страдална татковина, во Вардарска Македоиија, Македонецот денес може слободно да го изрази своето национално чувство, да каже дека е Македонец. Во другите два дела на несреќна Македонија, нашите сонародници се присилени да бидат викани она што тие не се, па дури да не смеат да зборуваат на својот мајчин јазик. 


Нашите браќа и сестри под грчкото и бутарското ропство постојано се изложени на систематски денационализаторски режими кои имаат за цел да ги уништат како народ, да ги погрчи и да ги побугарчи, или пак присилно да се иселат од нивните родни огништа..,


Во сеопштиот македонски национален подем живо учествуваат и македонските иселеници и емнгранти во надворешниот свет, како и македонските нови печалбари што се на привремена работа во туѓина, сплотувајќи се во прв ред под топлото мајчинско крило на својата национална автокефална Македонска православна црква. Како одраз на тој национален живот на македонските иселеници, емигранти и привремените печалбари во туѓина, се појави ова скромно списание чие име е „Македонска нација".

Во продолжвкие се вели дека целите на списанието „Македонска нација", покрај другото, се да ги заштити националните интереси на целокупниот македонски народ; да води борба за извојување национални права и слободи за Македонците под Грција и Бугарија; да подготвува терен за обединување на трите дела од распарчена Македонија во единствена македонска национална целина; да работи за побогат духовен, културен и политички живот на Македонците во туѓина и да ја шири во надворешниот свет вистината за Македонија и македонскиот народ, разобличувајќи ги притоа лагите и клеветите што га шират балканските националисти и империјалисти.

makedonija23

Притоа, името на списанието јасно го оцртува неговиот општ македонски национален карактер, односно дека тоа нe e орган на политичка партија, друштво или организација, туку е широка национална трибуна во која може да соработува секој Македонец кој сака да работи за доброто и среќата на својата нација. 

Издавачите на „Македонска нација" сметаат дека на македонската национална кауза може да и’ служи секој чесен Македонец без разлика на негавите филозофски погледи, идеолошки убедувања или партиска припадност. Списаниего нема цел да биде ни антикомунистичко, ни комунистичко, туку надпартиско, една широка македонска национална трибуна, што ќе работи на постигнување македоиско единство.

Вториот број е отпечатен како двоброј за март и април 1971 годна, на ист формат, на 20 страници, и со променета боја на главата. И наредните четири броеви во 1971 година, се идентични на првиот број како по формата, техничкото решение,  така  и   по  содржината.

Во текот на 1972 година отпечатени се пет броја, од кои од бројот 8 издавач и редактор е Драган Богдановски и се печати во Минхен, Западна Германија, со годишна претплата од 20 ДМ. Од бројот тринаесет како уредник на списапието се јавува  ииж.   Танас  Ташев,   а  подоциа  повторно  Драган   Богдановски.

Од бројот 17 за септември—октомври 1973 година, списанието „Македонска нација" го мени клишсто на главата, со тоа што на левата страна е поместена етничката карта на Македонија. Списанието стана орган на Движењето за обединување на Македонија, дадено и во главата каде што стои слоганот „Македонци обединети за обединета Македонија". Од бројот 16 пак, како додаток започна да се печати прилогот „Македонска трагедија", а од бројот 23 списанието „Македонска нација" започна да се печати во Гетеборг и тоа веднаш по смртта на членот Благој Шамбевски.

Содржината на списанието „Македонска нација" обилува со теми кои имаат изразит национален карактер, а кои се претежно од областа на историјата, културата, јазикот, литературата и друго, вклучувајќи ги притоа прашањата и проблемите за обединување на Македонија.

Во наредните дваесетина години „Македонска нација" излегуваше, за жал, со извесни осцилации и прекини, со постојано ривалство, несогласувања и расцеп меѓу лидерите на емигрантските организации. Таков е случајот, покрај другите, со печатењето на бројот 27 од 1975 година и разидувањето мeѓу Драган Богдановски и Ване Самоилов, како и со бројот 90 од 1990 година, во кој е поместено соопштението на Контролната комисија на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОМФ) во кое се коментира наводното одржување на Шестиот конгрес на НОФМ во август 1989 година во Женева, на кој учествувал „само" д-р Богољуб Андоновски (во конфликт со Драган Богдановски). Поради тоа бројот 92 од 1990 година, на „Македонска нација" се јавува како орган на НОФМ и го уредува редакциски колегаум, чиј главен уредник е Диогенес, односно д-р Богољуб Андоновски.

Инаку, Драган Богдановски  беше најинволвираниот во „Македонска нација“ и беше душата на ова гласило. Во исто време, тој беше голем борец против сите оние што го негираа постоењето на македонската нација и македонскиот етнички идентитет. Така, во периодот од 1958 -1977 година најголема битка водеше против „МПО“ на Ванчо Михајлов, бидејќи, по Втората светска војна МПО се обиде своето влијание да го прошири и во Европа.

Драган  Богдановски до својата смрт остана доследен на идејата за самостојна, независна и демократска Македонија. Со таа идеја се градеше како личност, со таа идеја живееше и со таа идеја почина. Иако за таа идеја страдаше и беше прогонуван, сепак, историјата е последниот судија, и денеска, благодарение на демократскиот систем во кој живееме, историјата му го обезбедува заслуженото место.

Покрај Драган Богдановски за „Македонска нација“ треба да се споменат и неговите истомисленици кои за жал не се повеќе меѓу живите, а кои цело време се бореа за самостојна Македонија, а тоа, меѓу другите се: Благоја Шамбевски - Шамбе ( 1921-1974); Панко Стамкоски (1938-2007); Михаил Шариновски - Солунски (1932-1999), Крсто Шкодров (1944-2005), Ристе Блажев - Ристески (1931-2000); Крсто Јенчев - Димитров (1912-2003), Јонче Трајчевски (…-2015) и други

Списанието „Македонска нација”, беше едно од првите демократски и емиграциски  гласила, кое претставуваше голем печатен медиум на Македонците во Европа и Европската Унија. Тоа остави вечни драги во историјата на македонската емиграција и воопшто во историскиот развој и вистината за македонскиот народ и етничка Македонија.

Продолжувач на гласилото „Македонска нација”, кое се печатеше четириесеттина години и беше гласило на македонската емиграција е Мане Јаковлевски. Тој како емигрант во Германија беше голем поддржувач на ова македонско гласило  и контактирал со голем број политички емигранти во светот. Меѓу другото, постојано  бил во контакт со Драган Богдановски кој во тој период живеел во Париз. 

Тие двајцата како афирматори и бранители на етничка Македонија, покрај личните средби имаат и опширна писмена кореспонденција преку која може да се видат неговите погледи за иднината на организацијата и, воопшто, на македонското иселеништво во Европската Унија и во светот. 

Мане Јаковлевски е продолжувачот и основоположникот на македонската национална слободна мисла со новото електронско издание „Македонска нација”. Денес како Веб-портал „Македонска нација”, претставува вистинска нацонална трибина, во која учествуваат сите оние Македонци или Македонки, кои сакаат да работат за доброто и среќата на својата нација и етничка Македонија. Веб порталот, всушност продолжува со потрагата по вистината, толку потребна за одбрана на македонската национална кауза, за македонската вистини во минатото, сегашноста и иднината

https://www.slavekatin.com/pdf9/clip_image008.jpg

Денес, електронското издание „Македонска нација”, со своите над пет илјади статии, претставува вистинска енциклопедија на македонскиот народ, а изнесената вистина која ја шири низ светот претставува вистински браник на македонската национална кауза.

Инаку, познатиот и признат патриот и доблесен Македонец, Мане (Маноил) Јаковлески, со своите соработници го основа  Веб-порталот „Македонска нација” меѓу кои денес е и авторот на овие редови Славе Катин, овој Веб-портал е еден од водечките во Македонија во изминатиот период. Тоа е екипа која нема да отстапи од македонскиот патоказ, нема да престане да истражува и да ги расветлува страниците од македонската историја.

Покрај Мане Јаковлевски како основач на Веб-порталот, во него се вклучени: Горан Митевски, Киро Кипроски, Дејан Донев, Тихомир Каранфилов, Гордана Димовска, Јанко Томов, Емил Јакимовски и авторот на овие редови Славе Катин, како и надворешните соработници: Васил Стерјовски, Бранислав Саркањац, Панде Лазаревски, Виолета Сековска, Жаклина Трпевска, Тодор Петров, Жаклина Петровска, Александар Џеповски и Костадин Керпичоски.

Сите тие го прават Веб-порталот „Македонска нација” да биде македонски хроничар што ги бележи настаните и ја брани и ја чува македонската вистина и Македонија.

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН





Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.