Skip to main content

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН
Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката…
Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград
ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто.
По завршувањето на Филозофскиот факултет во Скопје, работеше како координатор и стручен преведувач во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во периодот на истражувањето на Охридското Езеро, со договорот меѓу Заводот и Смитсоновата фондација од Вашингтон, САД.
Во текот на работата во Заводот изврши поголем број преводи од научен и друг карактер од македонски на англиски јазик и обратно, меѓу кои и една докторска дисертација и поголем број научни трудови кои се печатени во изданијата на Заводот и во други зборници и научни списанија во земјата и во странство.
Од 1979 до 1984 година беше вработен во Матицата на иселениците од Македонија, каде што ја водеше Информативната служба и работеше како прведувач и новинар во списанието ,,Македонија”. Од 1984 до 1990 година работеше во Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија, каде што ги уредуваше ,,Информативниот преглед на активностите на РК ССРНМ” и другите информативни и различен вид публикации.
Потоа, од Претседателството на РК ССРНМ беше именуван за раководител на Службата за информирање, за секретар на Комисијата на РК ССРНМ за меѓунационални односи и за секретар на Одборот за остварување на улогата на ССРНМ за прашања на религијата и верските заедници.
Во април 1991 година од првиот Парламент на Република Македонија беше избран за заменик претседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија.
Во текот на неговата работа и творечка дејност објави шеесет и една публикација,, меќу кои, лексикографски изданија, преводи од македонски на англиски јазик и обратно, научни трудови, на 5.000 новинарски текстови и други научни трудови презентирани во светот.
Славе Николовски – Катин како активен новинар беше избран за секретар на Здружението на новинарите на Македонија, на која должност остана пет години. Потоа беше член на Претседателството и на Комисијата за меѓународна соработка на Здружението. Беше член и на Советот на Центарот за странски јазици во Скопје, на Издавачкиот совет на „Меѓународна политика” од Белград, член на „Друштвото на литературните прегедувачи на Македонија” и почесен член на Меѓународната академија за слобода на религијата во Вашингтон, САД.
Два мандата беше потпретседател на Друштвото за литература и култура „Македонија-Канада”, потоа почесен член е на Здружението за примена на македонскиот јазик во службената и во јавната комуникација; член на Друштвото за наука и уметност од Битола, почесен член на Литературните друштва „Браќа Миладиновци” од Торонто и „Григор Прличев” од Сиднеј, како и потпретседател и доживотен член на Одборот на Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.
Славе Николовски – Катин, кој е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа, во Охрид, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во Македонската православна црква – Охридска архиепископи ја и во Македонците насекаде во светот. Тој и’ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публи- кации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во иселеништвото.
Славе Катин не припаѓа на политичка партија, бидејќи тој е припадник на етничка Македонија, на Македонците во дијаспо- рата и на Македонската православна црква- Охридска архиепи- скопија (МПЦ-ОА), која како институција игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македо- нија, особено во прекуокеанските земји и насекаде во светот.
Разновидната палета на Катин за реализација на стратешките цели на ова поле опфаќа бројни напори, од кои дел веќе функционираат. Покрај релативно честите посети на трите континенти и неговите приватни средби со мигрантите, преку неговите монографски публикации за најуспешните од нив, Катин, исто така, се обидува да предизвика интерес кај државните лидери во земјата за соработка со дијаспората. Ова особено се очекува со објавување на неговата 55 книга Израел и Македонија (на англиски, македонски и хебрејски).
Во неговата биографија е забележано дека извесен период по неговото раѓање, во селото Наколец, во куќа која се наоѓала во водите на Преспанското Езеро, со мајка му се преселува во Љубојно, од каде е неговата мајка Сандра. До завршувањето на осумгодишното училиште во Љубојно и средното училиште во Скопје го носи презимето на мајка му – Грежловски, а потоа на факултет во Белград продолжува со презимето на неговиот биолошки татко Ристо (Барџевски) – Николовски.
Во Љубојно Славе го минува поголемиот дел од детството, од младоста, а се навраќа во него скоро цел живот. Катин таму има библиотека со околу 4.000 книги Таму од мали нозе го почувствувал тешкиот печалбарски живот на луѓето од Преспа, особено преку печалбарската сага на дедо му Алексо (Алек) Ристов – Грежлов во Детроит, мајка му Сандра и очихот Јосиф Ничевски во Торонто
Славе Катин е добитник на голем број награди и признанија од бројни организации, друштва, установи, цркви и црковни општини во Република Македонија и во иселеништвото, меѓу кои се: наградата „Крсте Петков Мисирков 1991“ на Здружението на новинарите на Македонија од областа на журналистиката, „Признание за животно дело“ на 48-те Љубански илинден- ски иселенички средби (2021), како на наградите „Повелба за животно дело“ на „Пелагонските културно-научни средби“ (2022) и најпрестижната „Глобална награда за животно достигнување“ (2022) на „Обединетата македонска дијаспора“ од Вашингтон, САД, за постигнувањата на полето на дијаспората
Пишува:
ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН





Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21) - By Slave Nikolovski - Katin

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21)      PART OF THE BOOK   “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the history it is noted that the Macedonian people from the Aegean part of Macedonia, together with all its ethnic brethren from Macedonia in 1903 rose to a rebellion to fight for their freedom and an independent Macedonian state. Only ten years later Macedonia was brutally attacked, occupied and divided from its neighbors Greece, Serbia and Bulgaria, and later from Albania; division confirmed by the European great powers, of August 10, 1913, with the Treaty of Bucharest. It is known that the Macedonians existed in 1912 and in 1913. In fact, the whole world knew that the Macedonians existed even before, since read about them in history books and other information media. The whole world read about the Ilinden Uprising of 1903 and how the Macedonian people are trying to get rid of the yoke. Today we have hundreds of newspaper clip...