Skip to main content

Posts

МИСИРКОВИ ДЕНОВИ

Денес 23 декември -во средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“Демир Хисар во рамките на“ Мисиркови денови “ се одржа предавањето „ Погледите за македонскиот јазик во виорите на илинденската епопеја “ поднесе д-р -професор Менде Солунчески , афирмирање на македонскиот јазик во научната мисла во светот, преку делата на Гордана Димовска и Милица Паулус - инспирирани од погледите на Мисирков за македонскиот јазик-зборуваше проф, Ванѓелко Лозаноски .  Поетско читање на поети од Литературните дружини на СОУ-„Крсте Мисирков“ и ОУ Гоце Делчев’ Демир Хисар. Настапија поети од Македонски Брод и ЛК „Висарион “ и ЛК „Изгрев“ организатор на оваа манифестација е Љубители на литература, култура и наука-Св. Висарион и Соу „Kрсте Mисирков“- Д емир Хисар.

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ИСЕЛЕНИЧКИ ФЕСТИВАЛ

11.12.2015 година Г-дин Ордан Ристески, музички уметник, иселеник од Македонија кој живее во Франкфурт, Германија, организира Иселенички фестивал на новокомпонирани песни во Прилеп, кој ќе се одржи на 10 јули 2016 година, во соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. На овој фестивал се планира да учествуваат 15-20 исполнители од иселеништвото со песни кои би ги снимале во студио во Македонија.

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА КОПНЕЖ И НАДЕЖ ОД КРСТЕ НАУМОВСКИ - МЕЧКАР

На 5 декември  во Bаnyule Тheatre во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, се одржа промоција на стихозбирката Копнеж и надеж  од истакнатиот македонски поет и активист, Крсте Наумовски Мечкар. Промоцијата ја отвори Генералниот конзул на Република Македонија во Австралија, Г-ѓата, Бети Коруновска. Водител на промоцијата и рецитатор беше Виолета Јовановска . Најмладиот учесник - рецитатор,  Шаана Јовановска ја прочита првата песна за деца која Крсте ја напишал во 1957 година, насловена како “Дедо Медо“. Потоа дел од поемите читаше и Марија Коцева . Промотор на книгата беше професорот Бранко Наумовски кој даде критика и подетално се осврна на содржината, тематиката на поемите во Копнеж и надеж.

“МАКЕДОНСКИ КОД“ И “ВЕЧНА СВЕТЛИНА НАД МАКЕДОНИЈА“

ЉУБИТЕЛИ НА ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА „СВ. ВИСАРИОН“ ДЕМИР ХИСАР“ денес, Четврток 22. октомври во 12:00 часот, во соработка со Библиотека Кочо Рацин- Кичево По повод 23 Октомври Ден на Македонската револуционерна борба и формирање на ВМРО во Библиотеката Кочо Рацин организира промоција на делата МАКЕДОНСКИ КОД од Ванѓелко Лозаноски и научното дело “Вечна светлина над Македонија“ од Гордана Димовска. Овие дела наидоја на одличен прием кај посетителите и организаторите - домаќини на оваа промоција. Извадоци од книгата Вечна светлина над Македонија читаа: Олга Ширговска, Марија Никодиноска и Ели Кико Поповска.

ДРУШТВОТО "БЕРАНЦИ" ГО ПРОСЛАВИ 11-ти ОКТОМВРИ

Пензионерското друштво"Беранци"во чест на Македонскиот национален празник 11-ти Октомври одржа Свечен ручек на кој пригоден реферат за значењето на Празникот прочита Претседателот на друштвото Симон Петровски.После тоа следуваше веселба исполнета со македонски народни ора и македонски и патриотски песни. Љубица Поповска

СЕ ПРОМОВИРАА КНИГИТЕ НА ЉУБИЦА ПОПОВСКА И НОВЕ МЛАДЕНОВСКИ ВО МЕЛБУРН

Низ убавите стихови за Битола, за Турунџев, Ѓорѓи Сугарев, и пeсните за деца, на 19 септември во просториите на библиотеката во Thomastown , А.М.Л.Д „Браќа Миладиновци“ ги промовираше стихозбирките Битола Бабам Битола и Пролет во мојата душа , на поетесата Љубица Поповска. Осврт кон двете збирки даде Виолета Јовановска а рецитатори беа Гордана Димовска, Трајан Цветаноски, Иванка Петровска, Стеван Ацески, Љубинка Лазаревска, Шаана Јовановска, ученичките Јулијана Гроздановска, Татијана Гроздановска, Клаудија Гроздановска.  На промоцијата учество зеде и музичкиот гостин Марјан Васковски кој на хармоника изведе неколку песни за Битола. Гости беа и членовите на женската играорна група Весели Македонки кои неуморно работаат на зачувување на македонската традиција преку убавите фолклорни мотиви, носијата, и секако македонското оро. После оваа промоција во М rnda village community hall, А.М.Л.Д “Браќа Миладиновци“ ја одржа и промоцијата на најновата книга од Нове Младеновс...

ИМПРЕСИВНО МАНАСТИРСКО ПОЕТСКО ЕХО

МАНАСТИРСКО ПОЕТСКО ЕХО МАНИФЕСТАЦИЈА КОЈА ОСТАВИ СВОИ ДЛАБОКИ СПОМЕНИ И БЕЛЕЗИ Рака на срце, никој не очекваше една ваква успешна поетска манифестација, во манастирскиот двор на манастирот „Света Богородица“ во Суводол-Кутретино. Пристигнаа поети од Македонија и македонски поети од дијаспората-амбасадори на македонскиот јазик низ светот. Манифестација во рамките на Демирхисарско лето под покровителство на Општина Демир Хисар, а нослтел -организатор Здружение Љубители на литература, култура и наука „Св. Висарион“ Демир Хисар Манифестација која остави силни трајни впечатоци.