Skip to main content

ЛОКАЛИТЕТИ, СТАРИ КОЛКУ И ВРЕМЕТО

Денес во светот постојат многу интересни локалитети, стари археолошки ископувања кои сведочат за минатото, го докажуваат потеклото, историјата на одредени цивилизации. Ако некогаш биле цивилизации, денес се само мали земји кои со текот на времето поминале низ најразлични периоди.
Во Македонија препознатлив сведок за едно време е најславниот од сите Римски патишта,патот Виа Игнација кој во голем дел врви низ Пелагонија..Виа Игнација е најдолг пат кој бил граден без застој цели 44 години. Претставува најскап градежен проект и најдолг пат на империјата со должина од 800 км.
За името на патот постојат две верзии. Едната е дека е добиено според името на месноста Игнација на самиот Јадрански брег од каде и почнувал патот а другата е дека името е според она на проконзулот Гај Игнациј кој е и конкретниот градител на патот. Втората верзија денес се смета за поверојатна, зашто како татко на Виа Игнација во повеќе извори се смета Гај Игнациј. Виа Игнација започнала да се гради во 145 год. п.н.е само една година по крајот на Третата Македонско-Римска војна, како заштита на Римската империја од евентуални повторни создавања на Македонска војска по македонските планини и тешко достапни места. Денес, остатоците од Виа Игнација на територијата на Пелагонија најлесно можат да се видат како интегрален дел од археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис во близина на Битола.
Друг значаен локалитет се наоѓа во кратовската општина и е наречен „ Златен град“, Датира од крајот на 5-от век, и се наоѓа во непосредна близина на с.Коњух, Kратовско. Мештаните од околните села имаат сопствено усно предание или легенда за локалитетот. Според легендата на овој локалитет многу одамна, живееле моќен крал со неговата кралица. Тие си имале само една ќерка, која била позната по својата итрина, бистрина и цврстина во карактерот. Арно ама, при еден од оброците, кралската ќерка се задушила, при што доживеала состојба која денеска е позната под терминот „клиничка смрт“, а своевремено луѓето не биле запознаени со овој феномен, така што ја прогласиле за мртва. Кралот и кралицата, во големата жалост, наредиле набрзина да се припреми многу богат погреб во месноста „Мала Кралица“, во непосредна близина на локалитетот „ Големо Градиште“ – с. Коњух.
Гробарите, вечерта по погребот, се вратиле да го ограбат гробот. Зеле многу од накитот, даровите, златните и сребрените пари, при што, кога еден од гробарите пришол да го земе ѓерданот од кралската ќерка, кога го потегнал, на свое големо изненадување, видел дека кралската ќерка е жива. Тоа ги ставило во мисла гробарите, дали да ја остават жива или да ја убијат, затоа што таа ги видела како го ограбуваат гробот. По долго размислување, дошле до решение да не ја убиваат, туку да ја однесат во друго кралство, за да не ги издаде на кралот и кралицата. Нејзините родители останале со сознанието дека нивната ќерка е мртва.
Тие тргувале со многу богати земји од Исток и Запад. При едно од нивните отсуства, заради трговска размена за друти стоки, нивното кралство било ограбено, а кралскиот град горел во пламен. Тие со свои очи го виделе пожарот во градот, при што заплакале, а денеска, меѓу народот, местото е познато под името „Плакало“.
Бидејки загубиле сè што им било драго, поради добрите односи со градот Солун, одлучиле да се преселат во него, со целата своја сопственост, а до ден денес спомен на тоа наоѓаме во т.н. „ Коњушко Маало“ во Солун.

Друг сведок на времето кој кажува своја приказна а не е во Македонија, е и древниот град Петра во денешен Јордан. Се наоѓа на планинска долина на источниот дел во Види Араба, во која се преклопуваат патиштата кон на запад, Бостра и Дамаск на север, Еилат на Црвено море и Персискиот залив од другата страна на пустината. На 6 декември 1985 Петра е вклучена во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО како заштитен историски локалитет.
Поради своето археолошки вредности Петра е едно од новите седум светски
чуда за кого се вели дека ‘мора да се види‘ за да се доживее. Ова место е познато по карактеристичната уникатна архитектура изгравирана во карпите. Поради својата геостратешка локација Петра бил крстопа на некогашните трговски патишта, одтаму поминувале караваните со скапоцена стока, зачини, свила од Индија, слоновата коска од Африка, бисери од Црвеното Море и темјан од Арабија.
Најстарите археолошкии остатоци од ископувањата датираат околу шестиот век пред новата ера. Во елинистичкиот период бил познат под името Петра (карпа). Како дел од Источната Римска империја, околу 630. Петра била освоена од муслиманите. За време на Ерусалимското царство
она што останало од градот е заземено од кралот Балдуин, а под контрола на крстоносците останува се до 1189 година.
Денес е место каде со воодушевување се слева река на посетители кои за момент како да ја осетиле древната цивилизација и виделе што беше вредност тогаш. Инрересен и импресивен е направениот влез кој водел надолу низ темна тесна клисура која била формирана од длабок расцеп во песочните карпи. Атракција за туристите претставува и и огромниот масивен театар кој пружал прилика да се видат најголем број на гробови.
Ова место со розеви ѕидови поделени во групи , со длабоки пукнатини предизвикувало огромен интерес и секако највпечатлив ефект.
Прилогот е направен врз база на истражување



Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...