Skip to main content

И ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, ДОЗВОЛИ МИ ДА ГЛАСАМ

Македонија е земја од која со тешко срце се излегува, земја која не оставила рамнодушен ниту еден што стапнал на нејзино тло. Но економскиот пад, невработеноста, политички причини, геноцид, предизвикани од долгогодишни превирања, војни за национална, културна, политичка и економска слобода си го направија своето. Се дојде до состојба на масовно иселување од својата земја, посебно во шеесеттите и седумдесеттите години. Македонците денес се насекаде во светот, не затоа што сакаат, но затоа што беше неминовно да се бара подобра егзистенција, повисок стандард и задоволување на основните човекови потреби. Но македонецот не би бил Македонец ако го заборави своето минато, своето потекло. На сите континенти каде си оформил свој дом, нашиот човек понесе македонски дух, понесе одлики на чесност, трудољубивост, правичност, свест дека треба и понатаму да се задржи силниот дух на македонското битие, да се твори и живее како Македонец. Македонските иселеници ја понесоа Македонија со себе. Македонците во иселеништво и покрај огромните тешкотии и културни шокови во новото место на живеење, сепак мислат, живеат, творат, лобираат за Македонија, зборуваат Македонски , секој ден, секоја минута. Нели е тоа доволен доказ за тоа колку се сака, колку се грижи македонскиот човек за Македонија. Излишно е да се зборува за тоа дека на иселениците не треба да им се даде право на глас, излишно и дискриминаторски е да во овие времиња кога се одлучува за судбината за самото постоење на Република Македонија, се полемизира и од некои политички партии во Македонија забранува демократското право на иселениците да гласаат за доброто утре на својата мајка. Време е тој однос спрема иселениците да се смени. Македонските иселеници во Австралија често пати се навредувани и добиваат етикети ‘Патриоти‘,или коментари во стилот ‘Лесно е да се брани татковината од далеку‘, Сте се размавтале со шеснаесет кракото сонце од Кутлеш а никаде ве нема‘. Дијаспората е нераскинлив дел од својата земја, затоа што постојано вложува, инвестира во македонската економија, туризам, бизнис. Ако си надвор од Македонија, не значи дека не си Македонец и дека треба да бидеш заборавен од својата мајка. Која мајка ќе си го заборави и отфрли своето чедо, само затоа што живее во друга земја. Самите податоци за прилив од една милијарда евра во државната каса на Маедонија, доаѓа од иселениците. Без овие пари, Македонија би била во уште потешка ситуација.И наместо да се дистанцираме едни од други, да се расправаме дали и колку е важна дијаспората, нели е подобро за да се започне со градење на вистински мостови на соработка. Само на тој начин навистина би допринеле за напредок на Македонија но и за духовна и лична среќа на секој Македонец било каде да се наоѓа во светот. Без разлика на политичка определеност или етничка припадност,живеј и твори за земјата на твоето потекло, земјата во која живееш.
Дијаспората е и треба да се гледа како битен политички субјект кој допринесува за зачувување на македонскиот идентитет, јазик, култура, обичаи, традиции надвор од своите огништа. Македонското иселеништво сите овие години се осеќа отрфрлено и изолирано поради неможноста да учествува со својот глас во изградбата за подобра Македонија . Исто така изразува незадоволство од недоволно развиена мрежа на стабилни врски преку агенциите за иселеништво или други форми на здружување. Од голема важност е да се вброи македонската дијаспора во гласачкиот список во својата родна земја и на тој начин да се претстави пореална етнографска слика на Македонија како важно географско подрачје во светот . Со почит кон нашето минато, тоа непроценливо богатство што го наследивме од нашите претци, должни сме да го сочуваме а и самите да направиме нешто повеќе за Македонија, за македонските интереси. Да се дозволи право на глас на иселениците е неминовна потреба, и придобивка за секој што и мисли добро на Македонија, за секој што се грижи за напредок и зачувување на ова парче земја која не смееме да дозволиме да ни го уништат, да го продадат , т.е да го обезличат алчните за власт или материјално богатсво. Со Македонија никој не смее повеќе да тргува. Да се ускрати правото на глас, иселениците го гледаат како Македонија да се откажува и отфрла своите чеда кои толку многу можат да дадат со нивното активно инволвирање во економијата, политиката, и општо во сите сфери на општеството. Да се каже ‘Јас сум Македонец, доаѓам од Македонија‘ е гордост на секој иселеник , и потврда за постоење на македонска нација, за своето потекло, за македонскиот идентитет. Не дозволувајте да го уништите тоа во душата на вашите во дијаспората. Заедно сите да и помогнеме на Македонија да зачекори по патот кон трајна стабилност, просперитет и зачувување на својот идентитет и свето име Македонија.



Гордана Димовска

Photo image: Petar Luka


Објавено и во http://www.mn.mk/





Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21) - By Slave Nikolovski - Katin

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21)      PART OF THE BOOK   “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the history it is noted that the Macedonian people from the Aegean part of Macedonia, together with all its ethnic brethren from Macedonia in 1903 rose to a rebellion to fight for their freedom and an independent Macedonian state. Only ten years later Macedonia was brutally attacked, occupied and divided from its neighbors Greece, Serbia and Bulgaria, and later from Albania; division confirmed by the European great powers, of August 10, 1913, with the Treaty of Bucharest. It is known that the Macedonians existed in 1912 and in 1913. In fact, the whole world knew that the Macedonians existed even before, since read about them in history books and other information media. The whole world read about the Ilinden Uprising of 1903 and how the Macedonian people are trying to get rid of the yoke. Today we have hundreds of newspaper clip...