Skip to main content

ЛЕГЕНДА ЗА БЕЛА ИЦА И АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Автор: Ванѓелко Лозановски



Момчиња храбри, мудри и умни доаѓаа дури и од најоддалечените места на Македонија, со надеж да се сретнат со Бела Ица, да ја посакаат и да ја земат за свој животен сопатник. Но за жал како доаѓаа, така се враќаа со тага и бол по убавицата – самовила. Некои ја имале таа среќа барем да ја видат оддалеку и со тоа да бидат задоволни и среќни. И со длабок занес да зборуваат за таа магична средба.
Бела Ица не беше прикажана само со својата убавина, туку и со нејзината храброст, мудрост и снаодливост. Ретко излегуваше од нивниот имот, а уште поретко се мешаше сред народот. Имаше чудесни желби и копнежи, поинакви од другите, сакаше да шета само по планината, да ги совладува височините и карпите, да трча по падините. Најголема желба имала да јава на нивниот бел коњ. Кога ќе загосподареше ваков копнеж во нејзината душа, се облекуваше во машки алишта, носеше сабја и како комита на белиот коњ јуришаше по планината. И птиците пееја за нејзината убавина, бистрина и храброст.
Еден убав сончев ден Бела Ица се облече во сопствената најубава облека, долго време ја дотеруваше нејзината кадрава, долга коса, која се спушташе по нејзината витка снага и беше вистинска богиња – убавица. Понесена со чудесен занес со бардињата в раце се спушти по каменливиот рид кај изворот. Само што го наполни првото барде, кај изворот пристигна коњаница од царски луѓе. Бела Ица најпрво се збуни, но набрзо се смири и го наполни и другото барде. Царските луѓе изморени и испотени седнаа по карпите околу неа. Кога се исправи ги стаписа со нејзината убавина. Веднаш го препозна нивниот водач кој од другите се разликуваше по поблеката и убавината. Сосема смирено како газела му пријде со сребрен насмев по нејзиното румено лице;
- Вие сте уморени и жедни. Напијте се непознат делијо! Сите онемеа и збунето гледаа кон планинската убавица.
- Ви благодарам храбра и мудра девојко! Јас сум вашиот цар!
- Александар Македонски! – дополни возбудената Бела Ица. Да ви се многу години честити цару!
Да си ми жива божице на убавината. Ти си дарувана за мојот царски двор, да бидеш моја или да избереш еден од моите дворјани. Ти не си за да живееш во овие планини.
- Јас сум среќна што сум родена во овие предели. И вечно би останала овде, но ако е ваша царска желба да живеам во вашиот двор, јас би се покорила на вашата заповед, честити цару! Се поклони и му ја бакна десната рака. – Вашата желба треба да ја слушне татко ми. Тој никогаш не е против моите желби.
- Во право си мудрице-девојко убавице. Ќе дојдам дома со моите најблиски. Но за тоа треба да помине малку време, јас сум тргнат на далечен пат. А кога ќе се вратам, ќе ја позлатам твојата рака, ќе те земам во дворот за мене или за друг дворјанин. Сакам да си секогаш во моја близина.
- Како ќе посакате честити цару, нека биде по ваша милост, јас сум млада, имам време за чекање.
- Моите зборови се закон за мене и не ги повлекувам. Тоа што го ветив ќе го исполнам. По овие зборови, царот Александар Македонски се поздрави со Бела Ица и со својата дружина јурнаа по патот.
Бела Ица ги зеде бардињата, полета по ридот, се искаќи на карпите од каде долго гледаше во царските луѓе, кои брзаа со своите коњи по патот кој се извиваше крај реката.

За оваа средба Бела Ица и кажа само на мајка и и на никој друг. Легнуваше и стануваше со спомените од таа средба, веруваше на царските зборови, затоа одби стотина, стотини младинци кои ја бараа за невеста. И Бела Ица стрпливо чекаше. Настанот постепено се бришеше од нејзиното лице, имаше лошо претчувство и една вечер во длабоката ноќ почука некој странец на вратите. Тоа беше царски човек кој и даде злато на Бела ица. И го соопшти најтрагичното дека царот Александар македонски починал во далечините, но испратил порака за Бела ица, пари и понуда да оди во царскиот двор. Таа се ожалости, не сакаше ни едно, ни друго. Посака само да остане во родниот крај. Царскиот човек и ги остави парите и замина.
Следуваа долги и непреспани ноќи за Бела Ица. Еден ден одлучи со парите на местото од каде што го гледаше саканиот цар да подигне црква на карпите и височината од каде се открива патот и црквата да ја посвети на Александар Македонски. Тоа и го сторила. Од останатите пари Бела Ица им подигна куќи на тие што ја граделе црквата. Така почнало да се оснива селото. Селаните во нејзина чест по нејзината смрт ова село го именувале со нејзиното име Бела Ица, а подоцна од тоа Белаица. Црквата Александрија многу настрадала за време на турската наезда, но повторно била обновена, но за жал од разбојнци пак разрушена и ограбена. И денес постои на истото место црквиче кое го носи името Александрија и секоја година во него се слави славата Александрија на 26 мај. Оваа слава е летна слава за целото село.
Ова предание и денес Беличани го чуваат како скап завет и го пренесуваат од колено на колено.

Целосната легенда е во книгата Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица од авторите Ванѓелко Лозаноски и Гордана Димовска



Photo image by Petar Luka




Thank you

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.