Skip to main content

Posts

Showing posts from January, 2012

МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПОГОВОРКИ

Македонските народни поговорки се куси и мудри пораки кои ги создавал нашиот народ во минатото. Преку нив се изразува длабока мисла за човекот, работата, животот, пријателството и се она што не опкружува. Со поговорките најчесто се изнесува критика, суд, за на крајот да се извлече и главната поука. Кој сее добрина – жнее добрина. Гатала бабата да нема мраз, а изутрината снег до колена. Водата спие, душманот не спие. Види го прво дрвото, та после седни под него. Едно кројат глувците, а друго крои мачорот. Кој рано рани две среќи граби. Она што не го сакаш за себе не го мисли на друг. Гостинот и рибата третиот ден, смрдат. Магарето на магарето му е подобро од арапскиот коњ. Поубава е чучулигата во рацете отколку тетребот на дрвото. Подобро е никогаш да не се почне отколку никогаш да не се заврши. Помеѓу зборовите и делата, долг е патот. Кој е паметен, не ја става раката помеѓу чеканот и наковалната. Добрите дела тешко одат, а злите ѕвонат како ѕвонци. Вистината е посја...

ТУТУНОБЕРАЧИТЕ

КОЧО РАЦИН На кантар студен со туч го мерат а можат ли да го измерат, нашиов тутун — нашава мака нашава солена пот! Од темни зори на утрини летни до никоја доба на вечери зимни тој гладно пие тагата наша и потта и крвта и снагата ни. Жолт — жолти прави лицата бледни и жолта гостинка у градите носи. По утрини росни, по мугрите пресни, наведени ничкум по полињата родни Зачмаени ние го береме. Лист по лист кини, лист по лист нижи, лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди и на долга низа од капки пот и надеж со клетва и зелена јад, со коров поглед на очите матни по кревките лисја жолтозлатни прикаска горка на живот клет нанижи безгласна а така јасна. Та не знаеш ли? Денот ли дојде тој да се мери — мерка му нема, а в градите длаби без да се запре, без дно да најде не тага а клетва, и в очите матни и не сакајќи сама се дига фуријата. Кантарот носи лисјето златно а в гради луто далгите беснат на жолтата мака — на жолтиот тутун на жолтата пот на рацете ни!

ЛЕГЕНДИ ЗА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Александар Македонски рекол: Водачот пред битката треба да мисли како да победи, а не за последиците од поразот. Јас претпочитам кратко да горам, отколку долго да чадам. Славата не се постигнува со туѓи раце. Во политиката нема вистина, има само насоки како да се постигне целта. Успехот претставува најголема убедувачка сила. Постојат голем број на легенди за славата, борбеноста на нашиот историски херој, двигател на светот. Па дури и светски познатиот средновековен морепловец и патеписец Марко Поло запишал неколку. Тој е роден некаде околу 1254 година во Венеција. Неговиот татко и чичко биле познати трговци. Поради својата трговија, во 1260 година тие тргнале на пат од Узбекистан за Кина, од каде се вратиле по девет години. По две години со себе го зеле и Марко Поло и повторно тргнале за Кина. Минале низ многу азиски земји. Тие биле првите Европејци за кои се знае дека ги посетиле пустината Гоби и висорамнината Памир. Марко Поло се сретнал со Кублај-кан и се вработил во неговата ад...

Значењето на Богојавление - Водици

Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл. 19 јануари е Богојавление - Водици, ден на кој Св Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Па во чест на овој значаен чин, традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода - река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година. Овој ритуал го симболизира влегувањето на Христос во реката Јордан. Baptism means spiritual birth, the start of human life in faith. Therefore,the godfather is considered as a s...

АВСТРИСКИОТ ЦАР ЛЕОПОЛД I ЗА МАКЕДОНИЈА

Австрискиот Цар, Леополд први. уште пред повеќе од 300 години не само што го спомнува македонскиот народ како посебен на Балканот туку и јавно прокламирал дека го става под своја заштита. На 6 април 1690 година, Цар Леополд објавил Манифест и им се обратил на сите народи и земји на Балканот. Во Манифестот пишувало - ги повикувам сите народи, населени низ Албанија, Сербија, Мизија, Бугарија, Силистрија, Илирија, Македонија, Рашка, кои стенкаат под турскиот јарем, да одговорат на нашата побожна и татковска желба..да преминат сите на наша страна и да заземат оружје против Турците, за спас и ослободување и за напредок на хриситијанската религија. Дваесетина дена подоцна,, на 26 април 1690 година, Царот Леополд, издаде Заштитно писмо (напишано на латински како и манифест) во кое тој конкретно се обраќа до Македонците. Еве извадок од тоа Заштитно писмо: ‘Со ова известуваме дека двајца Македонци, Марко Карида, роден во Косана (денес Кожани) и Димитриј Георги Поповиќ, роден во Македонски Солу...

MACEDONIAN ANCIENT ROOTS

I conquer the world for Macedonians! Alexander The Great Macedonia existed as an independant state as early as the ancient period. It was located on the territory known by the same name. Ancient Macedonia has bordered with Greece in the south, Epirus in the west, Illyria in the northwest, and Thrace in the east. In the 6-th century Macedonia did not have close contacts with the Greek state and culture. When the social development started, Macedonia became a class society that started uniting its territory divided into separate refions on the basis of political unification Alexander (489-454 B.C.) was the first to unite Macedonia. Archelaus (431-399 B.C) had the task to consolidate the process of centralization by introducing monetary and military refoms. Philip II (359-336 B.C) reorganized the military and annihilated the separatist tendencies. He defeated the Greeks at the battle of Chaeronea (338 B.C) thus delivering a decisive blow to the anti-Macedonian coalition and raising Macedo...

Австралискиот печат за Македонија 1860

Австралискиот печат отсекогаш пишувал за Македонија Извадоци од истражувањето на Александар Стеванов, поставени на блогот I Macedonian http://i-macedonian.blogspot.com/ . За тоа дека македонските историски настани не останале незабележани од светските медиуми, говори и податокот за голем број објавени вести од австралиските весници. Тие објавувале се што се случува на ова парче на Балканот а најинтересно е тоа што, се пишува името Македонија. Истражувањето е направено од сопственикот на блогот I Macedonian и изобилува со извадоци од весниците Сиднеј хералд, Меркури,Вестерн маил – Перт,. Читајќи ги денес овие информации се воочува дека Австралија не признала под името Македонија уште во 1860 година. Се надеваме дека со натамошни лобирања, зацврстувања на пријателските и дипломатски односи, ќе ја укине понижувачката референца БЈРМ против која Maкедонците во Викторија излегоа на протести во 2008 година. Македонија, Македонски, Македонци ЗАСЕКОГАШ The Mercury (Hobart, Tas. 1860-1954) Frid...

ВЕЗИЛКА

Блаже Конески Везилке, кажи како да се роди проста и строга македонска песна од ова срце што со себе води разговор ноќен во тревога бесна? - Два конца парај од срцето, драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави таги, другиот копнеж и светол и стрвен. Па со нив вези еднолична низа, песна од копнеж и песна од мака, ко јас што везам на ленена риза ракав за бела невестинска рака. Судбинско нешто се плело за века од двете ниски, два созвучни збора, едната буди темница што штрека, другата буди вкрвавена зора. 2. Везилке, крени наведена лика, погледај в небо во претпладне златно: се зари таму и чудесна блика твојата везба на синото платно. За тебе нема ни вечерен запад, ти - морно око на трепетна срна. две бои таму ти горат и капат, две шарки твои - црвена и црна. Зар не се плашиш јаркоста нивна, и најмил спомен дека ќе ти згасат? Зошто се губиш, ти строга, ти дивна, дните ти минат, прокоби се гласат. - И најмил спомен што в душа ми блесна се гаси од нив ко цвеке без боја. Н...

БОЖИЌ ПРОСЛАВЕН ВО АВСТРАЛИЈА

ВРЗАНОСТ ЗА КОРЕНОТ И ТРАДИЦИЈАТА Празнување на Рождеството Христово во Австралија Со голема радост и возбуда се дочека и големиот христијански празник Божик, денот на Христовото раѓање во сите храмови на Македонската Православна црква во Австралија. Време кога секој на секого му простува, посакува се најдобро ,време кога се испраќаат најубави желби за здравје , среќа,мир и благосостојба во секое македонско семејство. Несомнено е дека овие наши големи и значајни празници, обичаи, и дел од македонска традиција се пренесуваат и на петтиот континент. Она што е заедничко за сите е големата љубов кон својата вера, култура, јазик и се што го сочинува т идентитетот на македонскиот човек.Тоа се вредности кои ги поседува Македонецот и го понесува со себе каде и да оди. Па така и нашата вера, и почит кон македонската православна црква , и националните вредности се составен дел од нашето секојдневие. Што би се рекло, ние сме Македонци каде и да сме, без тоа не би биле различни и посебни од други...

Земја

Никола Јонков Вапцаров Таа земја сега што ја чекорам,таа земја в пролет што ја буди југот таа земјa своја не ја знам, таа земја простете е туѓа! Рано тргам по фабрички друм. Безброј рубашки се тискаат се ројат. Слеани смесо раце со умно земјава… сепак не е моја! Над мојата земја в пролет сјај се плиска водопади грмат од сонце набликнато. Ја сеќаваш в срце ти неа за блиска  и гледаш кај скокум безброј цвеќа никнат. Над мојата земја до небото Пирин се крева. Боровите в бураилинденски приказни пеат. Над Охрид модрината во просторот се слеваа подолу уште на Егејот далги се леат. Сал ќе си спомнам и крвта в миг ќе сјури вo срцето кое се топи во спомени нежни. Мој роден крај!Крај личен. Лулан в бури поен со крв среде витлавици мрежни.

За Света Петка

Света Петка Заспала света Недеља На света Петка скутои; Света Петка ја будеше: „Стани ми света Недеља, Сега се соно не спие. Рано ми рано станува, До два празници кажува, Светни ми цркви отворат, Ангел от небо слегуват, Ристосово лице омиват, Закони по земја кажуват, За да веруват Рисјани.” Кога недеља разсони, Дробни ми с'лзи порони По свои светни образи; Света недеља прикажи: „Сестро ми света и Петка! Малко ми дремка фатила, Да чудим сонок сонвала! Стред море дрво израстло Израстло дрво високо, Вр небо дрво крепеше, Да под дрвото две лиcќa, Два листа били широки, Свата је земја покриват. Тие не биле два листа, Туку си били две книги, Што и пеет попови, Да заверуват Рисјани, Да си држет празници, Светаа Петка, Недеља    Од зборникот на браќата Миладиновци 

Maкедонска новогодишна традиција и празнувања во Мелбурн

Маcedonian New year's traditions and celebrations in Melbourne Еден од најстарите и највозбудливите празнувања во светот е Новата година. Не постои народ во минатото или сегашноста кој не ја прославува Новата година. Исто така, не постои друг празник во светот кој се слави на многу различни датуми и со многу разни обичаи и традиции. Познато е дека за првпат ова празнување започнало во Вавилон – Месопотанија, и датира 2000 години пред раѓањето на Исус Христос. Со многу интересни обичаи и традиции, нациите во светот го одбележуваат преодот од стара во Нова година. Така на пример, Ирците имаат традиција да ја предвидуваат политичката иднина на земјата според тоа на која страна дува ветерот полноќта за нова година,Австрија прославува со одржување на виенскиот концерт, огномети а интересно е тоа што во Јапонија се поминува цела недела во подготовки за пречекување на новата година. Куќата мора темелно да се исчисти, за злите и нечисти духови да не можат да се задржат во неа. Сите долгови...

ГАТАНКИ

Долга црна врвица, како река тече, житни зрна собира, низ поле ги влече. мрава За него има ваква ука: нов копај во стариот не плукај, што е тоа? Бунар Не е стрина, не е тетка, со фенерче ноќе светка. Светулка Како рудар в темнина везден копа и рие, штом ја сети светлината, в земја се крие. Тешка глава со рогови, јаде сено од стогови. вол Една пештера полна со ученичиња и во средина црвен прч лежи. - јазик Жена не е, а пак ткае, жици фрла несукани и со раце и со нозе. Пајак Мало грненце, слатко варилце. лешник- Ни предено, ни ткаено и пак е платно копринено. Пајажина Трудна жена, оро игра Вретено Направен е тој од дрво, срце црно, врвот му е трн, а патот по кој мине често му е црн Молив Колку е повалкана се повеќе е бела, кога ќе ја избришеш во црно е цела Табла Пие вода ненаситно, стисни го, задави го, веднаш ќе ја врати Сунѓер Бела ливада со црно цвеќе, кој ќе ја бере ќе биде среќен Книга Од земјата не се двои, се на исто место стои, во неа се јаде, пие, се одмора и се спие Куќа Н...