Tuesday, April 24, 2012

ANZAC DAY

ANZAC DAY – AUSTRALIAN PUBLIC HOLIDAY
Anzac Day is a national day of remembrance in Australia and New Zealand , originally commemorated by both countries on 25 April every year to honour the members of the Australian and New Zealand Army Corps (ANZAC)who fought at Gallipoliin the Ottoman Empire during World War I. It now more broadly commemorates all those who died and served in military operations for their countries Anzac Day is also observed in the Cook Islands, Niue, Pitcairn and Tonga It is no longer observed as a national holiday in Papua New Guinea and Samoa
What does it mean today?
Australians recognise 25 April as an occasion of national remembrance, which takes two forms. Commemorative services are held at dawn – the time of the original landing – across the nation. Later in the day, ex-servicemen and women meet to take part in marches through the major cities and in many smaller centres. Commemorative ceremonies are more formal and are held at war memorials around the country. In these ways, ANZAC Day is a time when Australians reflect on the many different meanings of war.
LEST WE FORGET
Секоја година на 25 април, во Австралија и Нов Зеланд се празнува Анзек деј. Овој ден е прогласен за државен празник во чест на загинатите австралиски и новозеландски борци во Првата светска војна. По тој повод се одржуваат комеморативна церемонија во раните утрински часови и почесен марш по улиците.

Слава им!
Gordana Dimovska

Saturday, April 21, 2012

НАЈДОЛГАТА ВЕНЧАНИЦА ВО СВЕТОТ

Венчаниците се секогаш популарни и дизајнирани за посебна прилика. За да ја постигнат таа посебност, дизајнерите не штедат ни време ни пари. Во Гинисовата книга на рекорди денес е поставен нов рекорд за најскапа и најдолга венчаница. Тоа е новата свилена венчаница дизајнирана за саемот за венчаници во Букурешт, Романија. Долга 3 километри, преубавата венчаница е промовирана на воздушен балон како лебди во воздухот на восхитување од гледачите во главниот град на Романија. Во нејзината изработка учествувале 10 професионални кројачи, шијачи кои 100 дена неуморно работеле да го постигнат посакуваниот резултат.Десет квалификувани seamstresses работеа неуморно повеќе од 100 дена да занает овој исклучително буквар.Со 13.000 ретки бисери нанижани на самиот фустан кои му даваат посебна елеганција оваа венчаница кошта ‘само‘  $446.000
Фустанот го промовираше 17-годишниот модел Елена Димитреску.

ДЕНОВИ

Омилени и незаборавни стихови од Кочо Рацин
Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.

Денови ли се – денови
аргатски маки големи!
Стани си утре порано
Дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси –
ај, пусти да е, пуст да би
остана живот кучешки!
Роди се човек – роб биди
роди се човек – скот умри,
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.
За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!
За себе само р’гај си
за себе маки тргај си –
нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,
нижи си синџир железен
околу вратот навезен!

Tuesday, April 17, 2012

Македонски јазик засекогаш




Јазикот е основно средство за комуницирање, пренесување на мислата , разбирање меѓу луѓето. Преку јазикот најдобро се идентификуваат националностите, кои се, и од каде доаѓаат. За  Македонија, македонскиот јазик е основно  национално обележје по кое се препознаваме во светот.
Секој човек го зборува јазикот во зависност од тоа колку е интелектуално способен. Јазикот се јавува во форма на говор и писмо.  Говорот е врзан за времето, моментот на зборувањето, за средината во која се одвива, како и за учесниците во комуникацијата.  Говорот може да се пренесува на поголема далечина низ просторот и да се чува низ времето. Писмото е врзано за просторот и за разлика од говорот тоа е статично и има траен карактер. Иако е вродена биолошка способност, човекот го учи јазикот цел живот.
Низ вековите нашиот јазик помина низ многу фази на своето формирање. Големо влијание на развојот на македонскиот јазик имаа туѓите ропства под кои Македонија потпадна. Со поделбата на Македонија во 1913 година меѓу Грција, Србија и Бугарија беа наметнати три јазици со единствена цел – да се уништи македонскиот јазик а со тоа и постоењето на македонскиот народ како посебна нација. На Македонците во Грција, Србија, Бугарија не им беше дозволено да се декларираат како Македонци, не можеле слободно да го негуваат македонскиот јазик, ниту својата култура и историја.Најстроги мерки против  користење на македонскиот јазик се спроведувале во Егејска Македонија . Во Костурско, ги советувале Македонците да се декларираат за Грци, да го прифатат грчкиот јазик зашто во спротивно ќе им го загорчеле животот. Истовремено биле опљачкани и македонските имоти, и биле палени училиштата, архивите, книгите. Строго се забранувала употребата на македонскиот јазик во меѓусебната комуникација со луѓето, па дури и меѓу родителите и децата, на свадбите, седенките и сл. Ако нашите не се придржувале кон овие закони биле морално и политички малтретирани а  и физички казнувани. Најстроги мерки за користење на јазикот биле спроведувани во периодот на Метаксовата диктатура во 1936 г. Врз основа на посебен Закон за забрана на употребата на македонскиот јазик, фашистичката полиција и жандармерија добила одврзани раце. Тие редовно ги следеле нашите Македонци и оние што ќе ги фателе да зборуваат на свој мајчин јазик, ги казнувале парично, ги терале да пијат 300 грама рицинус, или ги протерувале на пустите грчки острови. Поради употреба на македонскиот јазик само во периодот помеѓу 1936 -1940 година биле казнети околу 5.250 Македонци.
Но сепак и покрај тешките услови во кои живееше нашиот народ, успеа да го сочува едно од нашите најголеми национални богатства – јазикот.
Денес македонскиот јазик претставува целосно оформен, современ литературен јазик. И ние Македонците во Австралија, иако надвор од својата родна земја ,грижливо го негуваме  и чуваме Македонскиот јазик. Познавањето на мајчиниот јазик, односно јазикот на родителите игра голема улога во општеството затоа што им помага на децата подобро да го запознаат и наметнатиот јазик, во земјата каде живеат.
Зачувувањето на јазикот е од огромно значење заради тоа што служи да ги обединува луѓето, културно ги поврзува генерациите кои една на друга ги предаваат цивилизациските вредности на човештвото, за меѓусебно идентификување на луѓето во заедницата каде тие ја остваруваат својата еманципација на општествен и национален план. Негувањето на сопствениот јазик значи постоење на еден народ кој може слободно да ги изразува своите мисли, чувства и дејствувања. Младите генерации треба да се запознаваат уште од мали нозе со историјата и значењето на македонскиот јазик. Јазикот е најголемо културно наследство и треба да се развива свеста кај младите генерации за негово зачувување.Нема ништо поубаво од тоа да се пишува, зборува и твори на Македонски јазик.
Австралија како мултикултурна земја, покажува почит кон различните мултиетнички групи и им дозволува тие да си ги чуваат и промовираат своите национални обележја, културата , јазикот, обичаите и овде на австралиско тло. Затоа е важно и во интерес на цела Македонска заедница, да се запишуваат деца од македонско потекло  во што поголем број во редовните училишта како и во центрите на викториското училиште  за јазици VSL (Victorian School of languages). Ниедна причина не доволна да се дозволи изумирање на јазикот, и затворање на класови, поради намален број на ученици. Ако постои класот, постои и јазикот, ако постои јазикот, постои и македонската нација. Сите заинтересирани кои не ги запишале своите деца да го учат македонскиот јазик , нека го сторат тоа контактирајќи ги канцелариите на VSL (Victorian School of languages) на тел 9474 0500 или на веб страницата www.vsl.vic.edu.au.
Познавањето на повеќе јазици е клуч кон иднината, осознавање на нови култури, традиции и обичаи на еден народ. Да го зачуваме нашето најголемо национално богатство – Македонскиот јазик.


Гордана Димовска


Sunday, April 15, 2012

ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ ТАШКО ГЕОРГИЕВСКИ


Почина на 13 април, 2012 година во својата  77 година, почина истакнатиот македонски писател, Ташко Георгиевски

Може ли да се избрише минатото на еден народ? Во секоја една нишка, а не пак народ, зад себе го има вековното паметење и во тоа паметење го има него, се има себеси (единката или народот) - вo сеќавањата, изјави Ташко Георгиевски. До кога, ќе мораме да го докажуваме нашето име, презиме и идентитет?ДОСТА Е, ДОСТА... Но, и покрај тоа НИЕ ќе истраеме ние сме народ кој до последен здив на своето живо тело ќе се бориме, ние ќе успееме да го докажиме кога тогаш нашиот идентитет, но, сепак никогаш нема да дозволиме ТИЕ да си играат со мојот, твојот, неговиот, нивните, заедничките човечки идентитети.
„Црно семе“, роман во кој е прикажан прикриениот крик на човекот, устата се отвора ама збор не излегува, безгласен. Тој човек е лишен од својата земја, од својата култура, националност, ова е дело на поматен мозок, а како резултат на тоа цела една нација се преобразува во безлично суштество кое не е човечко кое во себе ’рти црно семе, семе на бездомност и безименост, кој не знае за ништо друго освен за свет на страдања и мрак, во туѓина.
Монструмозни и бескурполозни тортури, извршувани од страна на манијачки садисти (офицери, подофицери и војници) кон лицата кои не сакале да потпишат едно признание во кое се согласуваат дека се откажуваат од нациналниот идентитет, ги носат на пуст егејски остров или подобро да речам ПЕКОЛНО МАЧИЛИШТЕ за да ги преобратат во лојални поданици на кралот и Грција.
Кој ќе излезе победник, кој ќе стане предавник? Дали предавникот ќе сфати дека не ја предал само земјата, туку и самиот себе си? Дали предавството е исто како и насилството? Кој ќе оди потоа со крената глава, кој со спуштена, секако доколку живи останат....
Биографија

Ташко Георгиевски (роден на 15 март 1935 година во с. Кронцелево, Воденско) е македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист по потекло од Егејска Македонија. Член е на МАНУод 1983 година.
Георгиевски студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“. Ги има добиено наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Рациново признание“.Ние зад насипот“ (раскази, 1957) Неговото творештво опфаќа голем број на објавени дела, меѓу кои:„Луѓе и волци“ (роман, 1960)„Ѕидови“ (роман, 1962)„Суви ветрови“ (раскази, 1964)„Црно семе“ (роман, 1966)„Змиски ветар“ (роман, 1969)„Црвениот коњ“ (роман, 1975)„Куќа под калето“ (раскази, 1978)„Време на молчење“ (роман, 1978)„Рамна земја“ (роман, 1981)Црно семе / Црвениот коњ / Жолтиот трендафил (филмски сценарија, 1997)
Gordana Dimovska

Macedonian Easter Celebrations

Thousands of Macedonians in Australia celebrate Easter  on the 15 of April according to Julian calendar. Easter church services are joyous as they celebrate Jesus Christ’s resurrection.Easter is the oldest holiday and is celebrated from the second century.

There is no greater joy and admiration than when we celebrate life. On Easter Jesus resurrected thus the faith is created. Christ's resurrection is the light of the world and roadmap for life through the centuries of human history. Resurrection is a joy to afflicted, comfort the sick, teaching the despondent, strength and solid foundation for the believers..

Resurrection is the victory against the enemies, defeat and destroying  the demons, forgiveness and resolution of sins, secure haven from the storm of temptation. On this day as we know, death is defeated by one who had life in himself . From that point, we all accept that truth and filled with great courage and spiritual strength, because death is no longer a threat, no reason to fear. It should be understood as a return to the kingdom of our  Father.

Christ conquered death and thus opened the gates of heaven, gates of light entering all sons and daughters. Although there are many wars, riots and other disasters in the world, we should not be afraid and worried. Justice and truth are still being crucified on the cross, but through the cross comes the joy of the whole world. On that  cross our Savior was crucified and tortured. He did that for us. In his soul he descended to heaven to liberate human nature from decay. It has done and sacrificed for us, we may be filled with life and joy as they fulfill He crucified.

This holiday is the essence of Christianity,confirmation of faith in God. Easter celebrations indicate that our spiritual and national heritage is rich. Easter is a day when the Macedonian Orthodox people celebrate faith and rich Macedonian tradition that persisted through the centuries. Apstol St. Paul said: 'If Christ did not resurrect, our faith would have be empty.'

 Gordana Dimovska

Melbourne, Australia
 

Saturday, April 14, 2012

Велигден

Велигден е ден што го чекаме
Еднаш во годината се слави
Луѓето со радост го чекаат овој ден
И ги спремаат најубавите јадења
Ги вапсуваат црвените јајца
Ден
Е
На радост за сите Христијани
Акростих за Велигден
Натали Тодоровска
Ученичка во седмо одделение
Keilor Downs Secondary College, Melbourne

Friday, April 13, 2012

ЗБОРОВИТЕ НА ИСУС И НИВНОТО ЗНАЧЕЊЕ

Последните зборови на големите луѓе биле секогаш од големо значење за оние кој ги следеле до крај.Така и Христовите последни зборови за нас Христијаните се од огромно значење. Тие ни ја откриваат Неговата голема љубов и големината на Неговата жртва.

Исус од крстот проговорил седум пати - изговорил седум значајни зборови.
Прв збор - збор на опростување.-Татко, прости им,оти незнаат што прават.(Лука 23,34).Овие зборови Исус ги изговорил во моментот кога крутите римски војници го приковале на крстот. Крвниците очекувале дека Исус ќе вика од болка, како што правеле сите што биле распнати пред Него. Очекувале да им се спротивстави и да ги проколнува. Меѓутоа, Тој мирно лежел на крстот,и додека тие му ги прободувале Неговите раце и нозе, Тој за нив се молел. Во тој момент се исполнило пророчанството на пророк Исаија: И беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.(Исаија 53,12).

За кого се молел Исус во овој момент? Молејќи се за своите непријатели, Христос се молел за целиот свет, за сите грешници кој живееле и кои ќе живеат до крајот на времето. 

Thursday, April 12, 2012

ЛЕГЕНДА ЗА СВЕТА ИРИНА

Постојат неколку различни толкувања за животот и делото на Светата маченица Ирина. Се претпоставува дека таа живеела во првиот век п.н.е и потекнувала од градот Магедон, во Македонија. Според едно кажување таа при раѓањето ја викале "Пенелопа". Уште кога Пенелопа имала  6 години, сите ја заприметувале нејзината невообичаена убавина. Нејзиниот татко Ликиниј изнајмил учител да ја учи од книгата на мудроста уште од раното детство. Уште од тогаш Ирена гаела посебна љубов кон христијанството. Интересен е податокот за тоа дека нејзиниот татко почнал да размислува да ја мажи уште кога навршила 12 години.
Еден ден седејќи девојката крај прозорецот,одненадеж долетал бел гулаб. Тој во клунот носел мало гранче кое го пуштил на масата и веднаш одлетал.После еден час, во собата влегол орел и пуштил венче во различни бои и одлетал. За кратко време долетал и гавран кој оставил змија на масата.

Гледајќи го сетоа ова, девојката останала вчудоневидена. Го прашала својот учител што може да значи сето ова а тој и одговорил:
"Ќерко мила, гулабот е симбол на твојата убавина, добрина, смиреност и скромност.Маслиновото гранче означува Божја благодет која ја добиваме преку крштевањето. Орелот значи – цар на височините, победник – тоа значи дека ќе можеш да ги победуваш лесно непријателите и ќе имаш голема блискост со Бога.
Венчето од разнобојни цвеќиња  е како дар за вашите добри дела од Исус Христос , круна на вечната слава. Гавранот со змијата означува непријател, ѓаволот, може да предизвика да тага и прогон. Знаете, девојко, големиот крал, кој ја има власта на небото и земјата, сака да те земе за себе." Слушајќи го учителот , девојката многу се возбуди и голема љубов и топлина осети во нејзиното срце. Следниот ден, заедно со нејзиниот татко и неколку дворјани отидоа да разговараат за нејзиниот брак со принцот Ликиниј.  Кога виде дека нејзиното лице сјаеше убавина, како зрак на сонце, тој беше исклучително задоволен и рече:
- Еве, драго мое дете,ти веќе стигна за мажење.  Кажи ми сега, царски син е, дали ти се допаѓа?  Младата Ирина му рече на татко и да ја почека седум дена затоа што сака добро да размисли. Тој ја послуша и заминаа дома. Ирина скришно излезе да се моли:
Ако некој ме слуша, татко ми сака да ме омажи, но јас не сакам, сакам да останам девица и да служам само на Бога.Дали да го послушам татко или не? Господе, ти кој си горе на небото и во кого сите веруваат, кажи ми дали да се омажам?
Беше веќе доцна вечер, Ирина легна да спие. Во сонот виде ангел Божји кој и рече: Пенелопа, од денес па натаму ти ќе бидеш Ирина. Твоето име значи мир, просперитет, рај. Твојата добрина ќе ја следат илјадници и ќе веруваат во Бога.Твоето име е чудесно и единствено во светот.
Она што ти го кажаа за птиците, се е точно. Преку нив говореше Духот Божји. Оваа ноќ ќе дојди кај тебе Божјиот човек по име Тимотеј, христијански проповедник. Овој човек ги носи писмата на Павле. Тој ќе те удостои со Светото Крштение и ќе ти каже што ќе правите понатаму.По овие зборови на ангелот исчезна. За брзо време навистина дојде Тимотеј. Пенелопа се крсти и го доби името "Ирина". Тимотеј е исто така ја нарече неа невеста на Христа, и и заповеда да остане девица.
Кога по  седум дена дошол нејзиниот татко и  и зборувал повторно за брак, таа му  одговорила дека веќе станала невеста на Христа.
Од тогаш Ирина го проповедаше христијанството  меѓу луѓето. Преку своите страдања и посветеност кон Бога, успеала да принесе повеќе од сто илјади привразници кон Христа. За таа своја активност, била подложена и на голема тортура од страна на владетелите. Во една прилика дури била и закопана до гуша во земја во која ставиле змии и шкорпии. Но Господ секогаш и помагал преку ангелите кои го неутрализирале отровот и ја спасиле Ирина. Кога Бог и кажал на Ирина дека е дојден денот на нејзината смрт, таа се повлекла во една пештера. Пред тоа им нареди на своите приврзаници да  го покријат нејзиниот гроб со голем камен Кога после четири дена дошле на нејзиниот гроб во пештерата, гробот празен.
Gordana Dimovska

Monday, April 9, 2012

МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ГРЦИ

За да се побијат грчките искривени ‘факти‘ дека древните Македонци биле Грци, голем број научници излегуваат со свои научни трудови и го докажуваат спротивното.
Најголемиот познавач на античката историја, Д-р Јуџин Борза пишува:
Македонската историја ги предизвика оние кои сакаа да дознаат како овој народ успеа да достигне толкава историска големина.
'Најголемиот дел од древна Македонија бил вклучен во модерната грчка држава дури во 1913 година и таа била политички чувствителна област во релациите помеѓу атинската власт на југ со своите не-хеленски соседи на север'.Излегувањето на површина на податоците за етничката засебност на древните Македонци и денес е попречувано поради низа објективни и субјективни фактори.
Како прво, податоците од древните наративни извори за Македонците во голема мера до нашево време стигнале преку записите на нивните непријатели.
Овој факт го признава и грчкиот археолог, проф. Фотис Пецас.
Во својата статија 'Едно свинче-патешественик', овој грчки археолог, пишува:
'Во 1967 година започнавме со долгорочни ископувања во Едеса (Воден).
Одевме да решиме сериозни проблеми: кои биле древните Македонци.
Одговорот на прашањето не го даваат целосно историските извори за праисторискиот период. Македонски извори не се зачувани.
Францускиот научник Виктор Берар (1864-1931) во
изданието 'La Revue de Paris',напишал:
'До не така одамна Франција не ги познаваше Македонците.
Тие за нас беа Тракијци, Пеони, Склавини, див или речиси митски народ, кој живее на дното од, за нас, непознатата земја. Ние не ги познававме и ги омаловажувавме затоа што всушност за нив дознававме од злобните белешки на старите и на сегашните Грци.'
Денес постојат доволно докази кои докажуваат дека древните Ма­ке­донци никако не можеле да бидат Грци, затоа што имале различно етноге­нетско потекло од нив.






Gordana Dimovska

MIRACLE HAPPEND IN MACEDONIAN CHURCH

Something very unusual happened at the macedonian church St. Dimitrija, Skopje.The first thing in the morning, when the priests walked in, they were amazed by the sight. They noticed that the frescoes on the walls looked different. They were cleaned up and in just minutes after that, the angel’s halos got new golden color. Their wings were also changing the colors, and looked like freshly “painted” into new transparent colors.  Father Zoran says that this is a great miracle. He believes that God is sending a message for us to turn more to spirituality.
The Archbishop of Macedonian Orthodox Church, Stefan, was informed about this event and he personally visited the church. He just could not hide his surprise of what had happened in the church.
The relevant institutions are conducting detailed research in order to come up with specific information about this phenomenon and thus confirm the belief that this is religious miracle.
What is a miracle?
Miracles take place everyday. Sometimes they’re very subtle and quiet, sweeping in like a touch on the face. Other times, it’s very evident and public. It doesn’t matter who you are, miracles can happen to anyone.
Why do miracles take place? It may be that God wants your attention!
When you believe in God, you gain an awareness of Him. You see everything in a new light. He shows His great power through the trials and tribulations of life, through nature and science.
God is in the impossible business. What is a miracle? Someone once said, “Coincidence is when God wants to remain anonymous.” Well, miracles are when God reveals Himself.
All glory and honor and praise belong to Him. Without Him there would be no miracles!

Gordana Dimovska
 

Sunday, April 8, 2012

ЦВЕТНИЦИ

Празникот Цветници секогаш се слави во неделата пред Велигден, затоа што тоа е денот кога го доживуваме Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници.

Кога стигнал Исус до подножјето на маслиновата гора испратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат Осле(магаре). Учениците му донеле, ги ставиле на магарето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим, поздравен од мноштво народ. Според толкувачите на Светото писмо, Исус влегол во Ерусалим качен на магаре затоа што кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што Исус му служел на народот.

Пречекувајќи го Исус, воодушевениот народ со цвеќе, но и со својата облека го постилал патот и пеел: “Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“ Во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим уште од најрани христијански времиња е востановен празникот Цветници.

Денешниот ден не повикува подлабоко да ја доживееме тајната на тие случувања. Во се што ќе доживееме овие денови е скриена и тајната на нашето верување во Исус Христос, нашиот Спасител.
Palm Sunday is a Christian moveable feast that falls on the Sunday before Easter and is the beginning of Holy Week. The feast commemorates Jesus' triumphal entry into Jerusalem.
In many Christian churches, Palm Sunday  is marked by the distribution of palm leaves (often tied into crosses) to the assembled worshipers. According to the Gospels, Jesus rode a donkey into Jerusalem, and the celebrating people there lay down their cloaks in front of him, and also lay down small branches of trees. The people sang:.. Blessed is He who comes in the name of the Lord. We bless you from the house of the Lord ....


ПЕСНИ КОИ СЕ ПЕАТ ЗА ЦВЕТНИЦИ
Китомито девојко, о лазаре,
не затворај портите о лазаре,
да ти видам дворјето,
 о лазаре,дал се убо изметени, о лазаре.
Има мајка, има мајка, мила ќерка,
ружала е, ружала е, китила е,
со лазарки, лазарки е, лазарки е,
блазе тебе шо си имаш арна мајка,
ти сошила, ти сошила долга чоја,
долга чоја, долга чоја, до петици, над колена,
и в година, и в година да дочекаш
со сешто, со сешто, што си имаш.

Saturday, April 7, 2012

ЗОШТО ЉУБОВТА Е СЛЕПА

Еднаш, многу одамна, сите човечки суштества и сите човечки квалитети се нашле на едно скришно место на Земјата.Кога дошла Здодевноста се проѕевнала по третпат, а Лудоста, како и секогаш луда, предложила: - Ајде да си играме криенка! Кој најдобро ќе се скрие, ќе биде победник меѓу сите чувства. Интригата ја поткренала десната веѓа, а Љубопитноста, не можејќи да се воздржи, прашала: - Криенка? Каква е таа игра? - Тоа е една игра, почнала да објаснува Лудоста, во која јас ќе ги покријам очите и ќе бројам до милион, додека сите не се скриете. Штом ќе завршам со броење, тргнувам во потрага и кого нема да го пронајдам, тој е победникот. Ентузијазмот заиграл од радост, а истото го направило и Одушевувањето. Среќата толку скокала што успеала да ги наговори Сомнежот и Апатијата, кои никогаш и ништо не ги интересирало. Ама, не сакаа сите да си играат. Вистината беше против криењето, а и зошто би се криела? И така неа на крајот сите ќе ја пронајдат. Гордоста мислеше дека тоа е глупава идеја, иако всушност ја измачуваше мислата зошто нејзе не и текна прва да ја предложи играта. Вниманието не сакаше да ризикува. - Еден, два, три... почна да брои Лудоста. Прва се сoкри Мрзливоста, која како и секогаш, само се фрли зад првиот камен на патот. Вербата се качи на небото, Завидливоста се скри во сенката на Успехот, кој со мачење се искачи на врвот од највисокото дрво. Великодушноста никако не можеше да се одлучи каде да се скрие, затоа што секое место и се чинеше совршено за некој од нејзините пријатели. Убавината скокна право во кристално чистото езеро, а Срамежливоста ѕиркаше низ пукнатината на едно дрво. Прекрасноста го најде своето место во летот на една пеперутка, а Слободата - во здивот на ветрот. Себичноста најде скривница, ама само за себе! Лагата се сoкри на дното на океанот (лаже, на крајот од виножитото!), а Стрвноста и Страста - во кратерот на вулканот. Заборавот заборави да се скрие, ама тоа не е важно.

Кога Лудоста изброи 999.999, Љубовта се уште не најде скривалиште затоа што сите места беа зафатени. Здогледувајќи една градина со рози, скокна и се пикна меѓу прекрасните пупки од рози. - Милион!, извика Лудоста и почна да бара. Прво ја пронајде Мрзливоста, зад најблискиот камен. Наскоро ја слушна Вербата како расправа за теологијата со Господ, а Страста и Стрвноста скокнаа од вулканскиот кратер од страв. Случајно тука се најде и Завидливоста и, секако и Успехот. Себичноста не ни требаше да ја бараат. Сама излета од своето совршено скривалиште кое се покажа дека е кошница за пчели. Од толку барања Лудоста ожедне, и така во кристалното езеро ја пронајде Убавината. Со Сомневањето беше уште полесно, затоа што тоа не можеше да се определи за својата скривница, па остана да седи на блиските камења. Така Лудоста, малку по малку, ги пронајде речиси сите. Талентот во златните класја на житото, Тежината на душата во изгорената трева, Лагата на крајот (лажеше, сепак беше на дното на океанот!), а Заборавот заборави и дека воопшто нешто се играло. Само Љубовта не можеше никаде да ја најде. Ја пребара секоја грмушка, сите планински врвови и кога веќе беше бесна, ја здогледа градината од рози. Влезе меѓу розите, фати една сува гранка и од бес и изнемоштеност почна да ја удира по прекрасните пупки од рози. Одеднаш се слушна болен крик. Трњата од розите и ги изгребаа очите на Љубовта. Лудоста не знаеше што да прави. Го пронајде победникот, чувството над чувствата, ама Љубовта стана слепа. Плачеше и ја молеше Љубовта да и прости, и најпосле реши да остане засекогаш покрај неа, покрај Љубовта, и да и помага. Така Љубовта излезе победник над сите чувства, ама стана слепа, а Лудоста ја следи на секој чекор
izvor: romanticni.com.mk

БЛАГОЕЦ

Според Православниот календар денеска е празникот Свето Благовештение, меѓу народот повеќе познат како Благоец. Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 25 март според стариот или на 7 април според новиот календар. Благоец се смета за тежок празник. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благоец прв ден Велигден“.
Легендата вели дека еднаш кога покрај прозорецот Света Дева Марија го читала Светото писмо, во книгата на пророк Исаија прочитала дека ” Девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му го дадат името Емануел”, возбудено помислила дека кога би знаела која е таа девојка би и служела до крајот на животот. Во тој момент до неа долетал ангелот Гаврил кој и соопштил дека таа е девојката одредена од Бога што ќе го роди Спасителот: „Радувај се благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените; и ете ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш син и ќе го крстиш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече син на Севишниот и ќе му го даде Господ Бог престолот од неговиот татко Давида и ќе царува над домот Јаковов секогаш и царството негово нема да има крај“.

Tuesday, April 3, 2012

Совети - Потење

Познато е дека преку потењето телото се ослободува од многу отрови и отпадоци.Притоа, кожата се чисти и регенерира.
За да се предизвика потење, најдобри средства се топли чаеви од цвет на липа, маилица, овес, коприва како и чај од кора и пупки од бреза. Секој од овие чаеви треба да се разблажи со мед бидејќи медот го засилува дејството при потењето.
Против претерано и непланирано потење, најдобри се чај од жалфија, бања со лисја од ореви или трици.
Извор: Од природата (храна, лекови, козметика)
Д-р Анастасија Илиевска

Sunday, April 1, 2012

ПО ЕДЕН ВЕК, ПОВТОРНО СО ТИТАНИК

Потонувањето на најголемиот и најлуксузниот патнички брод  ‘Титаник‘ е една од најголемите драми на 20-тиот век и мистерија која ги прогонува научниците и историчарите речиси сто години
Пред  повеќе од еден век, Ирецот Кирил Кjугли бил сведок на лансирањето на најголемиот и најлуксузниот патнички брод, Титаник. Денес, тој има 105 години, и повторно се наоѓа на истото место од каде го следел првото отпловување. Но овојпат тој е  сведок на отворање на најголемата светска туристичка атракција Титаник-Белфаст. Шесткатниот туристички центар во Белфаст, Ирска е отворен само неколку недели пред 100годишнината од потонувањето на Титаник.Се очекува посета од 400 000 посетители во првата година а веќе биле распродадени 100 000 влезници.