Еден ден седејќи девојката крај прозорецот,одненадеж долетал бел гулаб. Тој во клунот носел мало гранче кое го пуштил на масата и веднаш одлетал.После еден час, во собата влегол орел и пуштил венче во различни бои и одлетал. За кратко време долетал и гавран кој оставил змија на масата.
Гледајќи го сетоа ова, девојката останала вчудоневидена. Го прашала својот учител што може да значи сето ова а тој и одговорил:
"Ќерко мила, гулабот е симбол на твојата убавина, добрина, смиреност и скромност.Маслиновото гранче означува Божја благодет која ја добиваме преку крштевањето. Орелот значи – цар на височините, победник – тоа значи дека ќе можеш да ги победуваш лесно непријателите и ќе имаш голема блискост со Бога.
Венчето од разнобојни цвеќиња е како дар за вашите добри дела од Исус Христос , круна на вечната слава. Гавранот со змијата означува непријател, ѓаволот, може да предизвика да тага и прогон. Знаете, девојко, големиот крал, кој ја има власта на небото и земјата, сака да те земе за себе." Слушајќи го учителот , девојката многу се возбуди и голема љубов и топлина осети во нејзиното срце. Следниот ден, заедно со нејзиниот татко и неколку дворјани отидоа да разговараат за нејзиниот брак со принцот Ликиниј. Кога виде дека нејзиното лице сјаеше убавина, како зрак на сонце, тој беше исклучително задоволен и рече:
- Еве, драго мое дете,ти веќе стигна за мажење. Кажи ми сега, царски син е, дали ти се допаѓа? Младата Ирина му рече на татко и да ја почека седум дена затоа што сака добро да размисли. Тој ја послуша и заминаа дома. Ирина скришно излезе да се моли:

Ако некој ме слуша, татко ми сака да ме омажи, но јас не сакам, сакам да останам девица и да служам само на Бога.Дали да го послушам татко или не? Господе, ти кој си горе на небото и во кого сите веруваат, кажи ми дали да се омажам?
Беше веќе доцна вечер, Ирина легна да спие. Во сонот виде ангел Божји кој и рече: Пенелопа, од денес па натаму ти ќе бидеш Ирина. Твоето име значи мир, просперитет, рај. Твојата добрина ќе ја следат илјадници и ќе веруваат во Бога.Твоето име е чудесно и единствено во светот.
Она што ти го кажаа за птиците, се е точно. Преку нив говореше Духот Божји. Оваа ноќ ќе дојди кај тебе Божјиот човек по име Тимотеј, христијански проповедник. Овој човек ги носи писмата на Павле. Тој ќе те удостои со Светото Крштение и ќе ти каже што ќе правите понатаму.По овие зборови на ангелот исчезна. За брзо време навистина дојде Тимотеј. Пенелопа се крсти и го доби името "Ирина". Тимотеј е исто така ја нарече неа невеста на Христа, и и заповеда да остане девица.
Кога по седум дена дошол нејзиниот татко и и зборувал повторно за брак, таа му одговорила дека веќе станала невеста на Христа.
Од тогаш Ирина го проповедаше христијанството меѓу луѓето. Преку своите страдања и посветеност кон Бога, успеала да принесе повеќе од сто илјади привразници кон Христа. За таа своја активност, била подложена и на голема тортура од страна на владетелите. Во една прилика дури била и закопана до гуша во земја во која ставиле змии и шкорпии. Но Господ секогаш и помагал преку ангелите кои го неутрализирале отровот и ја спасиле Ирина. Кога Бог и кажал на Ирина дека е дојден денот на нејзината смрт, таа се повлекла во една пештера. Пред тоа им нареди на своите приврзаници да го покријат нејзиниот гроб со голем камен Кога после четири дена дошле на нејзиниот гроб во пештерата, гробот празен.
Gordana Dimovska

No comments:
Post a Comment