Skip to main content

ЗОШТО ЉУБОВТА Е СЛЕПА

Еднаш, многу одамна, сите човечки суштества и сите човечки квалитети се нашле на едно скришно место на Земјата.Кога дошла Здодевноста се проѕевнала по третпат, а Лудоста, како и секогаш луда, предложила: - Ајде да си играме криенка! Кој најдобро ќе се скрие, ќе биде победник меѓу сите чувства. Интригата ја поткренала десната веѓа, а Љубопитноста, не можејќи да се воздржи, прашала: - Криенка? Каква е таа игра? - Тоа е една игра, почнала да објаснува Лудоста, во која јас ќе ги покријам очите и ќе бројам до милион, додека сите не се скриете. Штом ќе завршам со броење, тргнувам во потрага и кого нема да го пронајдам, тој е победникот. Ентузијазмот заиграл од радост, а истото го направило и Одушевувањето. Среќата толку скокала што успеала да ги наговори Сомнежот и Апатијата, кои никогаш и ништо не ги интересирало. Ама, не сакаа сите да си играат. Вистината беше против криењето, а и зошто би се криела? И така неа на крајот сите ќе ја пронајдат. Гордоста мислеше дека тоа е глупава идеја, иако всушност ја измачуваше мислата зошто нејзе не и текна прва да ја предложи играта. Вниманието не сакаше да ризикува. - Еден, два, три... почна да брои Лудоста. Прва се сoкри Мрзливоста, која како и секогаш, само се фрли зад првиот камен на патот. Вербата се качи на небото, Завидливоста се скри во сенката на Успехот, кој со мачење се искачи на врвот од највисокото дрво. Великодушноста никако не можеше да се одлучи каде да се скрие, затоа што секое место и се чинеше совршено за некој од нејзините пријатели. Убавината скокна право во кристално чистото езеро, а Срамежливоста ѕиркаше низ пукнатината на едно дрво. Прекрасноста го најде своето место во летот на една пеперутка, а Слободата - во здивот на ветрот. Себичноста најде скривница, ама само за себе! Лагата се сoкри на дното на океанот (лаже, на крајот од виножитото!), а Стрвноста и Страста - во кратерот на вулканот. Заборавот заборави да се скрие, ама тоа не е важно.

Кога Лудоста изброи 999.999, Љубовта се уште не најде скривалиште затоа што сите места беа зафатени. Здогледувајќи една градина со рози, скокна и се пикна меѓу прекрасните пупки од рози. - Милион!, извика Лудоста и почна да бара. Прво ја пронајде Мрзливоста, зад најблискиот камен. Наскоро ја слушна Вербата како расправа за теологијата со Господ, а Страста и Стрвноста скокнаа од вулканскиот кратер од страв. Случајно тука се најде и Завидливоста и, секако и Успехот. Себичноста не ни требаше да ја бараат. Сама излета од своето совршено скривалиште кое се покажа дека е кошница за пчели. Од толку барања Лудоста ожедне, и така во кристалното езеро ја пронајде Убавината. Со Сомневањето беше уште полесно, затоа што тоа не можеше да се определи за својата скривница, па остана да седи на блиските камења. Така Лудоста, малку по малку, ги пронајде речиси сите. Талентот во златните класја на житото, Тежината на душата во изгорената трева, Лагата на крајот (лажеше, сепак беше на дното на океанот!), а Заборавот заборави и дека воопшто нешто се играло. Само Љубовта не можеше никаде да ја најде. Ја пребара секоја грмушка, сите планински врвови и кога веќе беше бесна, ја здогледа градината од рози. Влезе меѓу розите, фати една сува гранка и од бес и изнемоштеност почна да ја удира по прекрасните пупки од рози. Одеднаш се слушна болен крик. Трњата од розите и ги изгребаа очите на Љубовта. Лудоста не знаеше што да прави. Го пронајде победникот, чувството над чувствата, ама Љубовта стана слепа. Плачеше и ја молеше Љубовта да и прости, и најпосле реши да остане засекогаш покрај неа, покрај Љубовта, и да и помага. Така Љубовта излезе победник над сите чувства, ама стана слепа, а Лудоста ја следи на секој чекор
izvor: romanticni.com.mk

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21) - By Slave Nikolovski - Katin

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21)      PART OF THE BOOK   “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the history it is noted that the Macedonian people from the Aegean part of Macedonia, together with all its ethnic brethren from Macedonia in 1903 rose to a rebellion to fight for their freedom and an independent Macedonian state. Only ten years later Macedonia was brutally attacked, occupied and divided from its neighbors Greece, Serbia and Bulgaria, and later from Albania; division confirmed by the European great powers, of August 10, 1913, with the Treaty of Bucharest. It is known that the Macedonians existed in 1912 and in 1913. In fact, the whole world knew that the Macedonians existed even before, since read about them in history books and other information media. The whole world read about the Ilinden Uprising of 1903 and how the Macedonian people are trying to get rid of the yoke. Today we have hundreds of newspaper clip...