ДЕНОВИ
Омилени и незаборавни стихови од Кочо РацинКако на вратот ѓерданиниски камења студени,така на плешки деновилегнале та натежнале.
- Денови ли се – денови
- аргатски маки големи!
- Стани си утре порано
- Дојди си вечер подоцна,
- наутро радост понеси
- навечер тага донеси –
- ај, пусти да е, пуст да би
- остана живот кучешки!
- Роди се човек – роб биди
- роди се човек – скот умри,
- скотски цел живот работи
- за други, туѓи имоти.
- За туѓи бели дворови
- копај си црни гробови!
- За себе само р’гај си
- за себе маки тргај си –
- нижи си ѓердан денови
- нижи си алки ковани,
- нижи си синџир железен
- околу вратот навезен!
No comments:
Post a Comment