Skip to main content

Царот има рог

Народна приказна
Што не покрил Господ, чоек не можи да скриет.
Еден цар имал на глаата рог. Саде мајка му знаела оти имал царо рог. Многу време се криел никој да не го видит, арно ама дошло време што требало да викни бербер да го бричи и стрижи.
Како што прилегало на цар, видел-невидел, викнал еден бербер, та го обрикол и го острижил.
-Слушај вамо, ти бербере- му рекол царо- еве јас ти се предадов и ти се кажав да ме видиш оти имам рог на глаата. Немој никому да кажиш оти веднаш ќе ти сечам глаата, вака да знаиш!
Му се поклони берберот и му се такса да не кажуа никому. Арно ама на берберо голема мака му беше оти беше запрен да не кажуа за оти царо имал рог. Денеска, утре, колку поеќе го бричеше царо, толку поеќе му се множеше мака во мислата за да кажи некому оти царо имал рог. Најпосле, излегол од град надвор да се рашета. На маката згора, видел една дупка, та влегол во неа и откога беше се испулил од секаде да не го види некој, и се наведил до земја, та му кажал на земјата оти царо имал рог и малку се оттушил за маката што ја имал.
Секое бричење се така одел во дупката и му кажуал оти царот има рог. Што рекле стари: секоја скришна работа ќе се јавит пред свето. И завистина, од берберот кажуачката што ја кажуал во дупката на земјата му излегла на мегдан.
Еве како за чудење се сторило: во дупката изникнале едни чудни трски. Откога се здебелија арно, беа `и нагазиле овчарчиња и друзи деца, та беа си пресекле и беа си напраиле шупелки. Секое дете кога засвирело со шупелката, гласо му бил на збор: царо има рог, царо има рог! Каква и да било песна или оро, да сакало некое дете да напраит со шупелката, се така свирела шупелката: царо има рог, царо има рог!
Секој што слушаше- се чудеше оти така свират децата со шупелките. Многумина луѓе му се лутеле на децата дека свираат така, да не нешто `и чуе царо и да `и биет, арно ама децата му кажуале праото оти само шупелките свиреле така.
Денеска, утре, од збор на збор, на царо в уши беше му пошло. Кога чу царо оти децата по сокаците си свиреле со шупелки оти царо имал рог, на големо чудо станал и беше си рекол со умо оти берберот кажал. Прати по него, та беше го викнал при себе и беше го прашал:
-А, бре бербере, заошто ти да му кажиш на сио век оти јас имам рог? Лели јас ти реков никому да не кажиш, оти ако кажиш глаата ќе ти ја сечам. Ами ти дури на децата ски кажал, та во шупелки по сокаци свират оти јас сум имал рог.
Кога чул тој збор берберот од царо, многу беше се уплашиш и беше му рекол:
-Честити царе, лели ме прашаш, прао ќе ти кажам. Откога ти го видов јас рогот и откога ми рече да не кажуам никому, голема мака имав во мислата задека бев запрен никому да не кажуам; на маката згора излегов, честити царе, од град надвор и најдов една дупка, та влегов во неа и тамо на земјата кажав оти имаш рог. На тоа место, честити царе, изникнаа трски и од тие трски напраија овчарите и децата шупелки, и тие шупелки свират така.
Откога чу царот тие зборои од берберо, беше пошол сам кај дупката и беше пресекол една трска, та беше напраил една шупелка и вистина така беше свирела. Тогај беше рекол царо:
-Што не покрил Господ, чоек не можи да скриет.
_____
(Зап. Марко К. Цепенков)

Gordana Dimovska

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.