Skip to main content

СУДБИНАТА НА СЕРБЕЗ ДОНКА

Во народните македонски песни секогаш е опеан некој настан или личност во минатото. Па така и во елегичната песна „Се посврши Сербез Донка“ се зборува за еден вистински настан, поточно за најубавата велешанка во минатиот век, Донка Јаричкова. (моја забелешка)
Донка Јаричкова живеела во месноста Мегдан. Таа била девојка по која многуте ергени од градот воздивнувале. Кога слегувала во чаршијата мајсторите и чираците, престанувале со работа а таа знаејќи дека многумина ја гледаат гордо со исправена става ќе прошетала, не погледнувајќи во никого.

Меѓу ергените што ја сакале бил и кондураџиајта Миле Ивчев, кој иако не бил многу при пара, бил убав. Меѓу Донка и Миле се родила љубов, за која веќе дознала велешката чаршија. Разбрал и таткото на Донка, Пецко, кој не сакал да има зет чевлар, па решил да ја омажи за некој богат и имотен. За ќерката убавица нашол младоженец од Башино Село, кој имал лозја и многу земја.

Без знаење на Донка се било завршено, дури и прстен се дал а веста за свршувачката, како гром ја погодил убавицата. Таа не сакала да се спротивстави на строгиот и избувлив татко, но љубовта кон кондураџијата Миле била голема. Енергична и смела, таа не сакал да слушне за договорот, за дадениот збор, за срамот што ќе пукне ако не ја исполни желбата на домашните. Дури и забраниле да излегува од дома, за да не се гледа со Миле. Дошол денот на свршувачката, дошло момчето со другарите, со подароци и свежо уловена вардарска риба. На чардакот биле другарките на Донка, која дома ја пржела рибата и тагувала, но не се помирувала со судбината. Таа во еден момент ја повикала другарка и и побарала да го оди кај Миле и тој дојде тука.

И како во американските љубовни драми, Миле побрзал со другарите, кои го поткачиле преку ѕидот, тој влегол во собата на Донка. Двајцата млади се погледнале и било јасно дека тие се наменети еден за друг, по што храбро и смело за тоа време ја покажуваат нивната љубов. Набрзина исчезнуваат преку прозор и го заодуваат натамошниот заеднички живот. Пукнал голем срам па татко и на Донка, Пецо не сакал да им прости.

Во 1903-тата им се раѓа синот Јованче. Стариот Пецо не сака да слушне за внукот и ќерката. Следната година на Прочка, Донка, Миле и Јованче дошле кај Пецо, но тој понуденото чоканче со ракија го скршил на подот. Прошка не им дал. Тие излегле, за да по некое време се вратат. И повторно иста слика, двете понудени чоканчиња ракија од зетот и ќерката, завршиле скршени од Пецо. Третата понуда било бардаче кое исто е скршено. Миле извадил од појас бакарно ѓумче а во пазувите на Пецо завршил внукот Јованче. Пецо сега е скршен, беспомошен, вели „не се крши ѓумче а уште помалку внук“ и така им простува на Донка и Миле.

Во следните години семејството се зголемува со Веса, Борис, Славе и Богде. Од најмладиот син Богде Ивчев историјата на песната „Се посврши сербез Донка“ е раскажана на Никифор Смилевски, кој ја објавува во книгата „Песната и коренот“.

Петар Печков



Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

Ensemble of Folk Instruments and Songs "Stefce Stojkovski" - keep Macedonian tradition alive

The Macedonian traditional music and dance seminar, which has my name as a brand, is known on the world music scene, traditional folklore festivals, at the departments of world-famous universities in ethnomusicology, ethnochoreology, musicology, folklore studies and beyond. The need for organizing such a seminar as well as the significance of the existence of such a seminar are enormous for us Macedonians. Namely, through this seminar, which is being organized for the 19th time, the general public is introduced to Macedonian musical traditions, the playing of original and classical instruments, Macedonian songs and dances, the styles and manner of playing, singing and dancing are studied. The seminar is organized for beginners, connoisseurs and more advanced amateur or professional level of participants. The seminar is organized by the members of the ensemble, and the lecturers are prominent and renowned amateurs and professionals in the field of folklore. All visitors who register ar...