Skip to main content

Posts

Showing posts from July, 2012

ЗА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА - ЧЕНТО

Методија Андонов - Ченто (17 август 1902 – 24 јули 1957) бил македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Методија Андонов - ЧЕНТО: Политиката не значи ништо друго освен да се биде одговорен спрема сопствениот народ и граѓаните, да ја делиме судбината со обичниот човек и да им излеземе во пресрет на очекувањата на луѓето. Сонцето не обединува а името е наша вековна гордост. Македонци обединете се, само така Македонија ќе има подобра иднина. Ако за вас Македонија е бесперспективна земја,оставете ни ја нас,на нејзиниот народ и неговото управување,па да видите како од неа овој народ може да направи цветна градина. Не треба да веруваме на никого од страна,нивните ветувања се празни, затоа што не подржуваат дури им требаме за да ги остварат сопствените интереси а потоа не забораваат. Никогаш не верував дека и Македонците ќе ме судат. Македонија обединета Вардарска,Пиринска и Егејска ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА - ДА ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИТЕ ...

Занимливости за Александар Македонски

Освоени градови Според биографот на Александар Македонски,Плутарх од Херонеја, Александар   основал   70 градови низ неговата империја. Дури и да е ова претерување, факт е дека Александар изградил повеќе од дваесет градови во целиот свет, од кои најпознати меѓу нив се Александрија во Египет основана во април 331 година пред Христа. Тоа е сега вториот најголем град во Египет. According to Alexander's biographer Plutarch of Chaeronea, Alexander founded as many as 70 cities all over his empire. Even if this is an exaggeration, the fact is that Alexander had built more than twenty cities all over the world, the most famous among them being Alexandria in Egypt founded in April 331 BC. It is the second largest city in present day Egypt.

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТУРЦИЈА ЌЕ УЧАТ МАКЕДОНСКИ

Една од најголемите важности за постоењето на една нација, а се со цел нејзино опстојување е писмото, јазикот. По барање на Турците со македонско потекло по долги години конечно ќе добијат професори по македонски јазик кои ќе ги едуцираат на нашиот мајчин јазик новите генерации кои живеат во Р.Турција. Ова беше голем сон на нашите иселеници,а истиот стана нивна реалност со несебичното залагање на амбасадорот на Р.Македонија, Неговата Екселениција,Горан Тасковски и големата поддршка на Премиерот на Р.Македонија Никола Груевски кој ужива голем респект кај нашите иселеници.Ова е голем успех за нашата земја зошто Македонија е до таму до каде се слуша и пишува македонски. Јазикот претставува лична карта на Македонија преку која се спознава значењето на националната свест и култура.  Македонскиот јазик е кодифициран врз основа на нашата писмена традиција низ вековите. Македонскиот јазик е јазик на милиони Македонци, кои живеат во својата татковина но и во иселеништво. Овој проект...

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - ВОИН, ВОДАЧ И УЧИТЕЛ

Пишува:Ванѓелко Лозаноски Тhe Macedonian Empire built by Alexander the Great is the one of the greatest empires ever built by man! Средбата на Аристотел со младиот Александар се прикажува како „еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.”Аристотел овозможил да Александар стане: генијален, херојски настроен војсководец и обединител на Азија и Европа. А Аристотел несомнено прераснал  во генијален филозоф, со научна мисла .  Во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, идниот крал и неговите другари врсници биле воспитувани во хеленски дух. Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвувала за должноста која го чекала. На часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се надоврзале со поезијата, ораторство, географија, историја. геометрија, астрономија, реторика и еристика.

АРИСТОТЕЛ ВО ПЕЛА

Пишува: Ванѓелко Лозаноски Филип и Аристотел биле познаници пред Аристотел да е назначен за учител во Пела. Во кралскит двор се чувствувал како во неговиот роден дом, зашто татко му му бил лекар на кралот. Филип како крал, колку и да бил поплавен од раководење на државата, најдувал време да се сретне со Аристотел, од кого можел нешто да научи за политиката, водењето на државата, зашто дотогаш светот немал таков човек дар од науката. И кралот македонски Филип и светскиот научник Аристотел имале големи идеали. Филип мислел да го освои светот, а Аристотел светот да го зголеми со низа науки. Нивните дискусии имале космички димензии. Филип помагал со средства за реформа на образованието во Македонија, а Аристотел го подготвувал својот тим за реформите да бидат успешни. Архелај уште со преселбта на престолнината во Пела, во новата кралска престолнина се вселија учители, поети, уметници, културни дејци итн. Во таа културно - просветна кралска екипа беше македонскиот поет Аррибаиос, кој ги...

ПЕТРОВДЕН

НЕКА ИМ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ИМЕНДЕНОТ НА СИТЕ КОИ НОСАТ ИМЕТО НА ДЕНЕШНИОТ СВЕТЕЦ   СВ ПЕТАР Празникот Петровден е посветен на Светите апостоли Петар и Павле кој се слави на 12-ти јули секоја година. Петровден се смета за еден од најголемите празници по Воскресението Христово- Велигден Петар е роден во селото Витсаида, на брегот на Галилејското езеро. Бил рибар и еднаш кога ловел риби го видел Исус и го повикал, по што со брата си Андреј го напуштил рибарскиот занает и му се придружил. Првото име му било Симон, а кога Исуса го признал за Божји син овој го нарекол Петар, што значи камен (карпа). Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен. Како верен Христов ученик, Петар бил со својот учител во многу прилики во кои не биле другите апостоли-на Преображението, при воскреснувањето на Јаировата ќерка и сл. Петар предложил да биде избран нов апостол на местото од Јуда кој по предавството се обесил. Бил избран Мат...

Песна од Апостол Терзиев

Апостол Петков Терзиев - Ениџевардарско сонце бил македонски револуционер и војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Апостол Петков Терзиев е роден во селото Бојмица  (Гевгелиско), Македонија (денес Аксиуполи, Грција). Учесник е во Илинденското востание. На 2 август 1911 година, Апостол Петков Терзиев заедно со војводите Георги Мучитанов Касапчето и Васил Пуфки, загинуваат во ениџевардарското село Крушари(денес Абелиес,Грција По мал одмор во земја слободна пак се враќам во крајот роден свој, Нејќам да трпам збор навредлив за идеалот велик-народен Видов јас се во таа Софија и знам што таа в себе содржи Тука би требало да се убијам! Ах, тука се што е свето се руга. Јас пак одам меѓу народот, крвта своја со него да ја пролеам за таму јас мислам, за таму копнеам......