Skip to main content

ПЕТРОВДЕН


НЕКА ИМ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ИМЕНДЕНОТ НА СИТЕ КОИ НОСАТ ИМЕТО НА ДЕНЕШНИОТ СВЕТЕЦ  СВ ПЕТАР

Празникот Петровден е посветен на Светите апостоли Петар и Павле кој се слави на 12-ти јули секоја година. Петровден се смета за еден од најголемите празници по Воскресението Христово- Велигден

Петар е роден во селото Витсаида, на брегот на Галилејското езеро. Бил рибар и еднаш кога ловел риби го видел Исус и го повикал, по што со брата си Андреј го напуштил рибарскиот занает и му се придружил. Првото име му било Симон, а кога Исуса го признал за Божји син овој го нарекол Петар, што значи камен (карпа). Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен.

Како верен Христов ученик, Петар бил со својот учител во многу прилики во кои не биле другите апостоли-на Преображението, при воскреснувањето на Јаировата ќерка и сл.

Петар предложил да биде избран нов апостол на местото од Јуда кој по предавството се обесил. Бил избран Матеј и со тоа бројот на Христовите апостоли пак станал 12-мина.
Исто така, по слегувањето на Светиот дух врз апостолите, кога овие се исполниле со него и започнале да зборуваат на разни јазици и кога народот помислил дека се пијани, Петар одржал впечатлива беседа кажувајќи дека тие не се пијани, туку се исполнети со светиот Дух. По беседата Петар ги повикал присутните да ја примат Христовата вера и само во тој ден се крстиле околу 3000 луѓе.

Апостолот Павле не бил меѓу познатите 12- мина Христови апостоли. На почетокот бил противник на Христовата вера и прогонувач на христијаните, за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Поради многуте заслуги светата Христова црква го ставила во редот на апостолите. Неговиот празник се празнува заедно со празникот на св. Петар но и посебно, следниот ден на 13 јули.
Светиот апостол Павле е особено значаен за Македонците. Своето прво патување надвор од Азија го направил во Македонија. Го започнал во 51., а го завршил во 54. година.

При своите патувања организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера.
Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос.
Во народот се верува дека Свети Петар го чува столбот на кој се Земјата, небеската слама, како што се нарекува Млечниот пат, и небескиот крст односно соѕвездието Лебед.


Comments

Popular posts from this blog

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...