Tuesday, July 24, 2012

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТУРЦИЈА ЌЕ УЧАТ МАКЕДОНСКИ



Една од најголемите важности за постоењето на една нација, а се со цел нејзино опстојување е писмото, јазикот. По барање на Турците со македонско потекло по долги години конечно ќе добијат професори по македонски јазик кои ќе ги едуцираат на нашиот мајчин јазик новите генерации кои живеат во Р.Турција.
Ова беше голем сон на нашите иселеници,а истиот стана нивна реалност со несебичното залагање на амбасадорот на Р.Македонија, Неговата Екселениција,Горан Тасковски и големата поддршка на Премиерот на Р.Македонија Никола Груевски кој ужива голем респект кај нашите иселеници.Ова е голем успех за нашата земја зошто Македонија е до таму до каде се слуша и пишува македонски.
Јазикот претставува лична карта на Македонија преку која се спознава значењето на националната свест и култура.
 Македонскиот јазик е кодифициран врз основа на нашата писмена традиција низ вековите. Македонскиот јазик е јазик на милиони Македонци, кои живеат во својата татковина но и во иселеништво. Овој проект на Амбасадорот Тасковски е од огромно значење за Турците од македонско потекло, кои се желни да го изучуваат јазикот и останат верни на своето потекло, своите корени.
Gordana Dimovska

No comments:

Post a Comment