Skip to main content

Posts

Showing posts from August, 2012

ЧУДЕСНИОТ ГРАД МЕЛБУРН

Melbourne - the most livable city in the world Распространет по должината на заливот Порт Филип, градот Мелбурн се издвојува како важен индустриски и трговски центар. Препознатлив по најубавите зелени паркови, облакодерите и мултикултурното раздвижување, претставува вистински пример за хармонија меѓу етничките заедници. Наречен град на културата, денес брои 4 милиони жители и е главен град на државата Викторија. Настанал во 1835 година, 45 години после доселувањето на европјаните. Од 1901 до 1920 година беше и главен град на цела Австралија се дури не се изгради Канбера во Северната Територија. Името го доби во 1837 година во чест на британскиот премиер во тоа време, Вилијам Лемб Висконт Мелбурн. Во 1842 година и официјално е прогласен за град од страна на Кралицата Викторија. Во 1850-тите години за време на “златната треска“, Мелбурн се трансформира во еден од најголемите и најбогати градови во светот. Познатиот англиски новинар Џорџ Аугустус Сала бил воодушевен од градот...

ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА

Часови минат во очај и тага,  И домот е веќе празен и душата пуста, народот жали и плаче за чедата свои, Една мајка стои крај прозорец и пати не верува дека синот нема да се врати. Остана сама во очај и болка жали за животот кој пребрзо згасна. Тешка грутка в срце ja стега Нема место каде да се бега. Молк, солзи и пак исто кога ли ќе царува мир во светот?

АНТИЧКАТА ШКОЛА ПЕЛА

Пишува: Ванѓелко Лозаноски “Аристотеловите дела, методи и просветителска дејност во Пела ја организираше македонската научна мисла, која го огреа светот .“ Македонската, античката школа Пела, научниците ја премолчуваат, но сепак низ историските извори ни даваат драгоцени податоци за нејзиното успешно работење, од основање, наставата, наставната програма, наставниот кадар, предметите, без поконкретни објаснувањеа. Посебно внимание на античките македонски училиштата и школите им посветува Ангелина Маркус, со посебен осврт на Александриската медицинска школа, која се надоврзува на античката школа Пела, со учебници и наставен кадар од Македонија. Ако не постоеше Македонската античка школа Пела, не можеше да се основа ни Александриската медицинска школа, за која пишува научникот посветен на антиката Ангелина. Таа во втората книга "Македонски древни вредности", зборува за постоењето и работењето на три школи и тоа: МУЗЕУМ, ГИМНАЗИУМ - средно образование и ЛИЦИУМ - виша воена Школ...