Skip to main content

ЧУДЕСНИОТ ГРАД МЕЛБУРН

Melbourne - the most livable city in the world
Распространет по должината на заливот Порт Филип, градот Мелбурн се издвојува како важен индустриски и трговски центар. Препознатлив по најубавите зелени паркови, облакодерите и мултикултурното раздвижување, претставува вистински пример за хармонија меѓу етничките заедници. Наречен град на културата, денес брои 4 милиони жители и е главен град на државата Викторија. Настанал во 1835 година, 45 години после доселувањето на европјаните. Од 1901 до 1920 година беше и главен град на цела Австралија се дури не се изгради Канбера во Северната Територија.
Името го доби во 1837 година во чест на британскиот премиер во тоа време, Вилијам Лемб Висконт Мелбурн. Во 1842 година и официјално е прогласен за град од страна на Кралицата Викторија. Во 1850-тите години за време на “златната треска“, Мелбурн се трансформира во еден од најголемите и најбогати градови во светот. Познатиот англиски новинар Џорџ Аугустус Сала бил воодушевен од градот и во 1880 година му го дава епитетот “Чудесниот град“.
Поради добрите услови, овој град е домаќин на голем број спротски настани како на пример Олимписките игри во 1956 година, Формула 1 Гранд При, Тенис Опен, и познатиот австралиски фудбал “aussie rules“. Втор е во светот по развиена трамвајска и возна мрежа.
Денес Мелбурн е дом на семејства од 180 различни етнички групи кои зборуваат на исто толку јазици и дијалекти. Исто така во Мелбурн живеат и 20 000 Абориџини кои во текот на колонизацијата се распрснати на разни страни од Австралија. Тие се всушност првите луѓе кои уште пред 48 000 години се забележани на овој континент. Најголем број на доселеници се од Азија, Индија и Шри Ланка а од европските земји, најголем е бројот на Грци, Италијани,Ирци, Шкоти, Босанци, Срби, Хрвати, Македонци. Неколку години по ред е прогласен за град со најдобри услови за живеење.

Името “Австралија“ според латинскиот назив “australis” има значење “Југ“. Според легендата е наречена “непознатата земја на југот “ или “Down under”. Првата употреба на зборот Австралија во англискиот јазик било во 1625 година.

Gordana Dimovska

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...