Wednesday, August 8, 2012

ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА

Часови минат во очај и тага,
 И домот е веќе празен и душата пуста,
народот жали и плаче за чедата свои,
Една мајка стои крај прозорец и пати
не верува дека синот нема да се врати.

Остана сама во очај и болка
жали за животот кој пребрзо згасна.
Тешка грутка в срце ja стега
Нема место каде да се бега.
Молк, солзи и пак исто
кога ли ќе царува мир во светот?



Ох, ти мајко во очај и бол, пред икона стоиш
и прашуваш зошто загина чедото твое,
се чудиш зошто толку неправда и злоба?
Бескрајно и  храбро тој застана да брани
Браќа и сестри Македонци свои.


Синови храбри, македонски наши
загинавте храбро за родната земја
вашето име ко најсјајно сонце
ќе блесне и вечно ќе грее
ќе зборува за жртвата ваша
за судбата македонска наша.

(Za rodnata zemja)
Gordana Dimovska

No comments:

Post a Comment