Skip to main content

Posts

Showing posts from December, 2012

ПРИСТИГНА ПОМОШ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Проектот “Македонска новогодишна приказна“ како дел од кампањата за поттик на младите од македонско потекло да го изучуваат македонскиот јазик во Австралија, беше поддржан и од Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија. За таа цел беа пратени неколку пакети со книги и двд “Чудесната земја Македонија“ кои деновиве пристигнаа во Австралија. Од особена значајност е да го негуваме и чуваме јазикот каде и да сме. Тоа е наше основно обележје како посебна нација и треба да се работи на негово афирмирање и посебен статус во средините каде има можност да се развива.Голема благодарност до Агенцијата за иселеништво за нивната поддршка и следење на нашите активности во Австралија. Gordana Dimovska

ЗА СВЕТИ НИКОЛА

Какo заштитник на Бoжјата вистина, oвoј прeкрасeн свeтитeл бил сeкoгаш иoдважeн заштитник на правдата пoмeѓу луѓeтo. Двапати спасил пo трoјца луѓe oд нeзаслужeна смртна казна. Милoстив, вистинит, правдoљубив, тoј oдeл пoмeѓу луѓeтo какo ангeл Бoжји. Св. Мeтoдиј, патријарх Цариградски, пишува: “Eдна нoќ св.Никoлај Гo видeл нашиoт Спаситeл вo слава кадe штo стoи близу дo нeгo и му гo пoдава Eвангeлиeтo, украсeнo сo златo и сo бисeри, а oд другата страна ја видeл Бoгoрoдица, кoја на рамeњата му гo ставала архијeрeјскиoт omofor тoа гo oзначува призивoт на св. Никoлај кoн архиeрeјската служба, Милoстив, мудар, бeстрашeн, св. Никoлај бил вистински дoбар пастир на свoeтo стадo. Вeднаш пoтoа сo чудна Бoжја прoмисла бил избран за архиeпискoп на градoт Мир вo Ликија.Вo врeм е тo на гoнeњeтo на христијанитe пoд Диoклeцијан и Максимијан, бил фрлeн вo затвoр, нo и таму ги пoучувал луѓeтo на закoнoт Бoжји. Присуствувал и на всeлeнски сoбoр вo Никeја и oд гoлeма рeвнoст кoн вистината се борел против...

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е НАШ ДОЛГ

Милоста кон р од ниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зошто е наш, исто како што е наша татковината. Еден нар од што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде од и, ни кој е! - Крсте Мисирков Македонскиот јазик зазема посебно место во мултиетничка Австралија. Повеќе од 30 години е вклучен во програмите на некои редовни училишта и секако во програмата на Викториското саботно училиште. Во текот на учебната година   наставниците   вложуваат голем труд во организирање на занимливи лекции и активности за да го подобрат квалитетот на наставната програма.   Со цел да   поттикнеме што поголем број на деца да го изучуваат македонскиот јазик, ја организиравме и едукативната програма , “Македонска Новогодишна приказна“. Многу сме радосни што оваа година имавме   масовен одзив на пријавени деца од четири годишна возраст па до 18 години. Несомнено голем беше интересот за македонските обич...

СЕЌАВАЊЕ

Песна за Благоја Нешковски Во една ноемвриска ноќ млитава ноќ еден бел гулаб излета без никаков шум се изгуби во ѕвездените далечини Мајка во црнила се зави прокапеја солзи тешки и издишки за таксири неми заредија сестри желби празни се скамени татко срцето тешкотија капе.. Оптичари останаа да чмае некаде во Пелагониската празнина а во Порт Кембла под оџаците на замаглениот Стил Ворк се спушти последната завеса и остана да сонува за македонскиот Шекспир Oд книгата на Душан Ристевски Украдени мисли/Stolen thoughts Благоја Нешковски (Оптичари, 1964 - 24 ноември 1989), истакнат македонски режисер и писател. Најголемиот дел од својот живот го поминал во Австралија каде што работел и на меѓународната афирмација на националната самобитност на македонскиот народ.

НАРОДНИ ПОГОВОРКИ

Арниот јунак дома не умира Арно братство помило од богатство. Болеста лесно доаѓа, а лесно не си оде.   Без слобода ко риба без вода Викај по волкот дури не влегол во булукот. Водата се може да измие, само лошио јазик не може. Во секое село треба да имаш по еден пријател Далеку оди, ама и за дома мисли. Да немаше темница, ич не ќе ни беше мила виделината Да растуреш е лесно, а да направиш е мачно. Два лешника еден орев кршат. Два пати помисли, еднаш прозборуј. Добрината со добрина се плаќа. Добри пријатели и од браќа се помили. Ѕид без малечки камчиња, не стоит, Јунак без рана , не бива. Книгата дно нема   Gordana Dimovska

ЛЕГЕНДА ЗА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

"Од што се страшиш и се плашиш, тоа ќе те најди“ Местото кај што е денеска Охрицкото Езеро во старо време било поле со најубави ливаѓе. Близу до градот Орид имало едно изворче, многу длабоко и напраено како бунар со капак одозгора, да се заклопува како некоја кутија, што да нема влакно од кај да излези, нити да влезе внатре. Градо Орид бил како некое село и бидејќи немало во градот ни чешма, ни па бунар си лееле вода од изворчето, требало убао да го затвори капако. Не оти за да стои чис изворо, ами еден насиет, што му бил оставен на жените и на мажите од дедо – предедо, да го затворат изворот, оти , ако не го затворат, ќе избрзни водата и ќе му го удаи сето поле, можеби и селото. Знаејќи оричани тој стар насиет, со голем мукает го отворале и го затворале изворот, чунки сите верувале оти, ако го остаат отворен капако, ќе избрзни водата, и за вистина тоа и нашло. Од што се страшиш и се плашиш, тоа тоа ќе те најди – што рекле старите, да тоа и нашло и комшиите наши оричани. Се на...