Skip to main content

ВО ТУЃИНА

За почетоците и животот на Македонците надвор од своите родни огништа. Во секој период од својот живот во туѓина се соочуваат со нови предизвици, колку позитивни, толку и негативни. Она што го изгубиле, оставиле, не се враќа повеќе никогаш, оставени се на времето, условите и сами себе да бидат она што можат да бидат, да прават што можат да направат за себе и другите, за својата мајка Македонија, за новата земја во која живеат...тие се луѓе со два товари, со две мајки, а копнеат само по една. Тие се луѓе чии спомени  ја шепотат приказната за едно време минато. (Гoрдана Димовска)

Извадоци и од книгата на Живко Чинго "Гроб на душата"
Австралсикиот ветар
Будали луѓе, ќе печалиме пари, Македонче, ќе се снајде тоа некако поевтино, бадијала. Секој ден по работа се бањавме во фабричките бањи. Едни бањишта, една црна робијашница, - само во стилворкот работивме 8000 Македонци - и така, пријателе, истуркај со како овци в трло, бањај се, пусти се, ужаси. ..Најстрашното беше кога ќе почнеше да врие, да клокоти во тие бањишта. Човеч по повек да се губи, од пред очи нешто го зело, туку го снемало, како некоја страшна бездна да ги голташе луѓето. Само слушаш некое далечно мрморење, кинење , некое тешко ѕунење.
...
Мајка! Пак се изгубува Роме Лесков.Не знае каде е, во Македонија или далечна Австралија?Се најде во мала селска куќа, приземна, како отровна печурка. Темна и полна со чад, полна со свет, жени, деца старци. Кожуви, туњи, чулавки, врани, гаврани, мечкари  волци. Разговараа тихо, кратко како на мртовец. Кој умрел? Божем како тој да умрел, го завиле во едно веленце и го спружиле на среде куќата. Потоа од камарчето, каде што квачеше една бела кокошка, се јави едно мало човече се во свила, срма , светеше како сонце. Се претстави за пратеник на Филип и Александар Македонски - “Добро ни дојде царев пратениче, кај ми те чекаме“, еден кожув се јави. Доаѓам лично од Александар Македонски за да ви ги покажам запретаните богатства, зашто вие Македонците сте деветтото Филипово колено и единствени вистински наследници! Вистина, рекоа гуњите. “Тоа е нашата историја, славна! “Тргнете по мене, пријатели, во расипаниот град роман ќе ве носам на половина саат од тука, таму има еден змијарник во едни камења, таму се кријат големи антики, бакар, сребро, злато.
.................
Будала, во туѓина сакав човек да станам, имав преголема желба да се докажам , да се извлечам..уште на самиот почеток се сопнав на првиот чекор...проклет да беше часот кога се запослив во стилворкот. Уште на влезот како во затвор да одиш, на робија, камен, камен, со прст ме вика еден полисмен ме носи во офисот кај службениците..
.................
Потоа со часови како будала зуриш во австралиската ноќ, во која ни пиле, ни петел се слуша.Во таков еден час некој непознат ти се јавува, чиниш како близок ,како пријател, а тој со своето шепотење сосема те доизгорува, - Зошто си се родил, човече, прашува и се кикоти - Зошто? Тогаш човек избезумува, станува зол, лош а што е најстрашно изгрубува во него филингот, нема чувство, нема ништо..Натинг! Не, не пријателе, сега цел свет ќе ми  биде мал...Збогум, Збогум!

Извадок од книгата “Гроб за душата“ од Живко Чинго


Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21) - By Slave Nikolovski - Katin

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21)      PART OF THE BOOK   “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the history it is noted that the Macedonian people from the Aegean part of Macedonia, together with all its ethnic brethren from Macedonia in 1903 rose to a rebellion to fight for their freedom and an independent Macedonian state. Only ten years later Macedonia was brutally attacked, occupied and divided from its neighbors Greece, Serbia and Bulgaria, and later from Albania; division confirmed by the European great powers, of August 10, 1913, with the Treaty of Bucharest. It is known that the Macedonians existed in 1912 and in 1913. In fact, the whole world knew that the Macedonians existed even before, since read about them in history books and other information media. The whole world read about the Ilinden Uprising of 1903 and how the Macedonian people are trying to get rid of the yoke. Today we have hundreds of newspaper clip...