Skip to main content

ГРЧКИОТ ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ

На 31 октомври 1912 година, со декрет на грчкиот крал Горгиос Први, Владата во Атина, за првпат во својата историја, воспостави времена управа на окупираните територии во Македонија.

Оттогаш, Владата во Атина започнува континуиран и систематски процес на етничко чистење, егзодуси и геноцид врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Масакрирани се илјадници Македонци, запалени се стотици села и илјадници куќи, забранет е македонскиот јазик, илјадници Македонци се интернирани по островите и насилно протерани од Грција, запалени се и уништени стотици македонски православни цркви.

Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, Атина го анектира Егејскиот дел на Македонија.

Со Нејската конвенција од 27 ноември 1919 година меѓу Атина и Софија, Грција насилно ги протера Македонците православни од Егејскиот дел на Македонија во Бугарија.

Со Лозанската конвенција од 30 јануари 1923 година меѓу Атина и Анкара, Грција насилно ги протера Македонците муслимани од Егејскиот дел на Македонија во Турција.

Од Турција и Мала Азија, Атина во Грција доселува околу 800.000 инородно население, од кои 612.000 во Егејскиот дел на Македонија на имотите на насилно протераните Македонци.

Во 1926 година Атина ги промени оронимите, топонимите и хидронимите во Егејскиот дел на Македонија и имињата и презимињата на Македонците во Грција.

Во 1948 година во граѓанската војна во Грција, Атина насилно ги протера децата на Македонците во источно-европските земји, што претставува преседан во светот и човековата историја.

Со Одлуката за репатријација на политичките бегалци од Граѓанската војна 1945-1949 година од 29 декември 1982 година и со Законот 1540/85 за деконфискација и денационализација на имотите на политичките бегалци од Граѓанската војна 1945-1949 година, Атина го забрани враќањето на насилно протераните Македонците во Грција на своите родни огништа и ги лиши од сите граѓански права.

Сe до распаѓањето на поранешна СФРЈ во 1991 година, Атина речиси ја елиминира домашната употреба на темата Македонија. Владата во Атина имаше Министерство за Северна Грција, со распаѓањето на поранешна СФРЈ преименувано е во Министерство за Македонија, Епир и Тракија.

На 16 декември 1991 година Советот на Европската заедница го усвои извештајот на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија на Европската заедница според којшто Република Македонија ги исполнува условите од Насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот сојуз и во Декларацијата за Југославија, според којашто “употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава”.

На 6 јануари 1992 година, под притисок на Атина, сепак, Собранието на Македонија усвои два амандмани на Уставот на Република Македонија: на членот 3 дека “Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави”, и на членот 49 дека Републиката во грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија “нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи”.

На 27 јуни 1992 година Европскиот совет на Европската заедница во Лисабон, под притисок на Атина, усвои геноцидна Декларација за поранешна Југославија што се однесува на признавањето на Македонија “со име кое нема да го вклучува терминот Македонија”, што беше експресно отфрлена од Собранието на Македонија со декларација од 3 јули 1992 година.

На 8 април 1993 година, Генералното собрание по препорака на Советот за безбедност на Обединетите Нации, а под притисок на Грција, ја прими Македонија во членството на Светската организација под времената референца “Поранешна Југословенска Република Македонија”, со задача да се постигне договор за разликата за името на државата Македонија, што е преседан во меѓународните односи и право, спротивно на Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човековите права.

На 9 октомври 1995 година, Собранието на Македонија ја ратификува Македонско-грчката Времена согласност склучена на 13 септември 1995 година, а веднаш потоа го промени шеснаесет-зрачно сонце од симбол на знамето на државата.

Како последен бастион на расизмот и наци-фашизмот во Европа, Атина не го признава постоењето на Македонците кои живеат во Грција дискриминирајќи ги во сите човекови и граѓански права и слободи, односно од окупацијата на Македонија во 1912 година континуирано до денес не го признава постоењето на посебен македонски етнос во целина.

Атина веќе седумдесет години, од 1944 година до денес, применува рестриктивен визно-пасошки режим на апартхејд за македонските државјани по потекло Македонци од Егејскиот дел на Македонија: забранет им е влезот во Грција, дури и за погреби, посета на гробови и роднини. Визно-пасошкиот режим на апартхејд Атина го спроведува со забрана за влез во Грција и за сите Македонци по потекло со какво и да е друго немакедонско и негрчко државјанство (американско, австралиско, канадско, европски и други) во чии патни исправи местото на раѓање е запишано сопред македонската топонимија од пред промената на имињата на населените места направена од грчките власти по окупацијата на Македонија во 1912 година.

Со злоупотреба на правото на вето, Атина денес бара промена на името на државата Македонија при влез во Европската Унија и НАТО што претставува легализација на окупацијата на Македонија и на геноцидот врз македонскиот народ, кое како злосторство против човештвото не застарува никогаш. Атина и Брисел кога и да е ќе се соочат со таа историска вистина и одговорност и за тоа мора да платат репарации!
http://forum.all.bg/


Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21) - By Slave Nikolovski - Katin

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21)      PART OF THE BOOK   “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the history it is noted that the Macedonian people from the Aegean part of Macedonia, together with all its ethnic brethren from Macedonia in 1903 rose to a rebellion to fight for their freedom and an independent Macedonian state. Only ten years later Macedonia was brutally attacked, occupied and divided from its neighbors Greece, Serbia and Bulgaria, and later from Albania; division confirmed by the European great powers, of August 10, 1913, with the Treaty of Bucharest. It is known that the Macedonians existed in 1912 and in 1913. In fact, the whole world knew that the Macedonians existed even before, since read about them in history books and other information media. The whole world read about the Ilinden Uprising of 1903 and how the Macedonian people are trying to get rid of the yoke. Today we have hundreds of newspaper clip...