Sunday, March 30, 2014

МАКЕДОНЕЦ ДА СИ



Пладне есенско и сиво
Мајчини очи гледаат милно
Чедото  стои пред неа силно
За нерамна борба нестрпливо се спрема
Со чекори брзи заита кон ридот!
Не зажали за домот и мајката своја,
На прагот се сврте и вети
Земја ќе брани од тирани клети!
Мажи, жени и деца се најдоа таму
Чекорат смело а пукот и татнеж од сите страни
Одеднаш и глас се слушна: Останавме сами!
Ко најсветли ѕвезди од небото да беа
Изгаснаа за миг а живот не жалеа
Нивниот спомен е посилен сега
Живее и грее во секое срце
грее за мајката тажна
грее за детето силно
грее за борците храбри
грее за земјата родна!
Незнајни и знајни јунаци наши
Гордост и чест е Македонец да си!




Гордана Димовска

No comments:

Post a Comment