Литературниот клуб Љубители на литература, култура и наука -Св. Висарион од Демирхисар пред читателите се претстави со своето ново објавено дело од авторката Гордана Димовска, Таа е наш долгогодишен соработник од Мелбурн, далечната Австралија. Авторката потекнува од битолското село Оптичари а од 1993 година живее и твори во Мелбурн, Австралија. Денеска во 12 часот во Градската библиотека Григор Прличев, Охрид, се одржа промоцијата на книгата ‘Вечна светлина над Македонија‘ од Гордана Димовска. Оваа книга е осврт на погледите и визиите за родната земја. Книгата е збир на дел од нејзините есеи, колумни, лирски исповеди, научни трудови, пораки. Сите тие зборуваат за многу важни моменти од македонската историја, поучуваат, информираат.Честа на промоцијата на книгата им припадна на рецензентите Професорот Вангелко Лозаноски и Љубица Чифлигароска. Делови од книгата читаа и нашите соработници учениците Магдалена Стефаноска и Јана Иваноска од литературн...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ