Skip to main content

МАНАСТИРСКО ПОЕТСКО ЕХО


Во рамките на Демирхисарското културно лето на Општина Демир Хисар а во организација на Литературното здружение Љубители на литература, култура и наука, “Св. Висарион“, на 27 август во Манастирот Пресвета Богородица, Суводол, се одржа поетската манифестација “Поетско манастирско ехо“. На овој настан свој допринос даде и познатиот Игор Џамбазов кој исто така го најави културното лето и ja прочита поемата од Виолета Сековска,  “Македонија со Македонија се граничи“.

Водители на програмата беа: Мери Арсовска, Биљана Солунчанска, Ванѓелко Лозаноски.
Исто така учествуваа и поетеси од Германија (Милица Паулус) и Австралија (Иванка Петровска). На ова наше поетско дружење , поетите се претставија со поезија по свој избор.
Ванѓелко Лозаноски се гордее со настанот и се она што досега го прави литературното здружение:  Успеси со соработка и љубов, победуваат и најтешки препреки. Искрено ова е наш највозвишен подвиг на поетски средби...Се гордеам на Литературниот клуб „Свети Висарион и издавачката дејност Љубители на литература, култура и наука. Се восхитувам и на нашите вредни соработници.






































“Македонија со Македонија се граничи“

Дал ни се слободни мислите,
дал ни се слободни рацете? Македонци, Македонијо, во јазол врзани. Пред сто години земјата се скрши,небото посиве, облаци темни надвиснаа, судба македонска,судбина. Македонија како мома убава ја грабнаа.. едни глава , други раце, трети нозе, а четврти тело и поробија, сега сакаат срце да и откорнат, утроба да и уништат, Македонец да не се роди, јалова земјата да ја остават. На север Македонија, на југ Македонија, на исток Македонија, на запад Македонија, денес Македонија со Македонија граничи. Може ли маката да се измери, болката може ли да се проголта, синови гинеле за татковци, татковци животи даваа за синови, во душа свети сонцето, во срцето се носи розетата. Диви ѕверови минаа, рози изгазија... Но глава Македонци кренаа, во еден глас извикаа: ‘‘Доста е крв пролевање, жртви веќе не даваме, Македонија обединета си ја сакаме!‘‘

Автор: Виолета Сековска

Gordana Dimovska Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.