Драматизацијата на расказот "Завет за Македонија" од Гордана Димовска, беше прикажана и како дел од проектот Memory lane Cafe кој Македонската добротворна Организација (МCWA) го работи во партнерство со Аlzheimers Australia и други партнер организации на MCWA. Актерката Дона Димовска Кантаровска професионално ја спреми и постави оваа драма во која таа се појавува во улога на мајката Анѓа. Младиот Мартин Масалковски одлично ја одигра улогата на внукот Веле . Координаторот на проектот Лиле Марушевска изјави: “Претставата беше Одлично прифатена од страна на другите култури добивме позитивна критика, беа трогнати а исто според информациите од страна на вработените имаше и солзи во очите на старите лица од сите култури не само македонската." Расказот беше преведен на англиски за да може да биде следен и од другите етнички групи. Во прилог на информацијата и обраќањето на Лила Марушевска - Aged Care Coordinator Access and Support до присутните: MULTICULTU...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ