Пороен дожд во
денот тмурен
Во капките росни
лик на човек
Се слуша неговото
срце и чиниш плаче
Копнеел за нешто
што далеку било.
Соништата празни заменети со болка
За љубовта која
еднаш силна била
Со тивок глас
прозбори чисто:
Еден ден, еден ден дали ќе се вратиш?
Еден ден дали ќе ми кажеш:
"Жал ми е, сакам
да ми се вратиш"
И да ми кажеш
"Те сакам"
Само еден
ден, или ноќ
Месечина или
сонце
Важно ли е?
Се молам за тој
ден да дојде.
Дотогаш продолжувам
да трчам
Да се најдам во
светот немирен, таен.
Гледам солзи.
Не, не
плачат моите очи.
Морам да одам,
Јас го знам сега тоа.
Љубовта била како
птица
И умира како
птица
Без збор.
Гордана Димовска
Gordana Dimovska
No comments:
Post a Comment