Skip to main content

ЦЕНАТА НА ДОБРОВОЛНАТА РАБОТА



Велат дека човечкото благородно дело е единствен јазик кој може да го слушне и глувиот, и кој може да го види и слепиот. Во денешно време се повеќе се актуелизира темата дали е вредно да се биде волонтер/доброволец и дали се признава и почитува  таквиот вид на работа.
Самиот збор “волонтер/доброволец“ за првпат е запишан во книгите во 1755 година. А за тоа колку е признато во самото општество, зависи за која земја станува збор,кој и како го спроведува. 

Во Австралија голем број на организации, институции,здруженија, кои работаат со доброволци. Од секој човек кој ќе посака да даде допринос одвојувајќи дел од своето време се бара сепак да поседува одредени квалитети,јасна визија и причина зошто го прави тоа.
Процесот на ставање во служба на доброволците не е комплициран но сепак постои процедура по која се примаат, потоа се обучуваат преку организирани  семинари и дури потоа се спремни да започнат со работа. Обично се бара од самите волонтери да одвојат само 1-2 часа и од своето време, редовност и  вистинска посветеност, во тоа што им се бара.  Но не секој гледа така на доброволното работење. Тие што го избрале овој пат имаат исклучителна дарба, вишок на енергија и секако големо срце.
Чувството да се помогне, да се оствари некоја цел за доброто на поединци, групи или установи во едно општество е најголема награда за доброволците. Тие несебично се инволвираат без финансиски надоместок заради силната желба да се постигне нешто повеќе, да ги тестираат своите способности и да се стават во служба на организираното тело за кое се нафатиле да работаат.
Она што го даваат е нешто многу вредно и останува да поучува и други, да трае и да претставува јака основа за градење на нови проекти, нови подвизи. Нивната работа не е платена затоа што не вреди, туку затоа што нема цена. Практиката на волонтерско работење во Австралија се применува уште од 1813 година со формирањето на првата волонтерска организација The Benevolent Society. Главна цел на оваа волонтерска организација била да им помагаат на беспомошните и обесправените.Следејќи го примерот на The Benevolent Society се формирале и други доброволни организации. Во текот на првата и втората светска војна, нивната улога била да им помогнат и на повратниците од војните, како и децата на погинатите војници. Денес во Австралија постојат над 700.000 непрофитни организации во заедницата.
Многу од нив работаат со регрутирање на доброволци кои се чини дека ги има 5.2 милиони. Бенифициите од ваков вид на работење се огромни за австралиското општество заради социјални причини но и придонесот на доброволците во австралиската економија од 42 билиони долари.
Меѓународниот Ден на доброволците е  5 декември и се одбележува и  во Австралија.  Австралиската национална организација Volunteering Australia, e главен, официјален претставник на доброволните организации. На овој ден, се укажува на големи значајни проекти направени од страна на доброволците ширум светот но во исто време им се доделуваат признанија за нивната активна несебична ангажираност, и огромен придонес во општеството.
И етничките групи  вклучуваат голем број доброволци во сите области од животот. Меѓу нив се вбројува и македонската каде најчесто се работи во помагање на стари лица, во образовниот систем, медиумите,општината во која живеат. Секоја чест до сите македонски активисти  минати и сегашни кои можеби се обесхрабрени или демотивирани во одреден период. Вистинските идеи не треба да останат во сенка, вистинските ‘борци‘ не треба да ги обесхрабри ништо, посебно не минати лоши искуства.
Доброволната работа има посебна доблест која треба секој да знае да ја препознае и бескрајно почитува. Од таму започнуваат идеи, надежи, амбиции, желби за да се оствари некој значаен проект. И додека некој гледа се низ призмата на парите, делата на доброволците не блескаат на видео бимови или рекламни табли во градот, нивните дела  градат ѕвездена патека по која засекогаш ќе чекори нивниот идеал, добрина и визија

Автор: Гордана ДИМОВСКА

 'The cost of voluntary work' - Gordana Dimovska
“Volunteers don't get paid, not because they're worthless, but because they're priceless.”― Sherry Anderson

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21) - By Slave Nikolovski - Katin

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21)      PART OF THE BOOK   “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the history it is noted that the Macedonian people from the Aegean part of Macedonia, together with all its ethnic brethren from Macedonia in 1903 rose to a rebellion to fight for their freedom and an independent Macedonian state. Only ten years later Macedonia was brutally attacked, occupied and divided from its neighbors Greece, Serbia and Bulgaria, and later from Albania; division confirmed by the European great powers, of August 10, 1913, with the Treaty of Bucharest. It is known that the Macedonians existed in 1912 and in 1913. In fact, the whole world knew that the Macedonians existed even before, since read about them in history books and other information media. The whole world read about the Ilinden Uprising of 1903 and how the Macedonian people are trying to get rid of the yoke. Today we have hundreds of newspaper clip...