Со чекори смели, достоинствено и храбро
Македонски херои, рамо до рамо застанаа да бранат
Браќа и сестри, Македонци свои.
Нивните имиња историја пишуваат сега,
За злосторства и терор над земјата света.
Часови минат во очај и тага
И домот е празен
и душата пуста
народот жали и плаче, за чедата свои
Една мајка стои крај прозорец и пати
не верува дека синот нема да се врати.
Остана сама во очај и болка
жали за животот кој пребрзо згасна.
Тешка грутка в срце ко да стега
Нема ниту место
каде да се бега.
Молк, солзи и пак исто
Кога ли ќе царува мир во светот?
Пред икона застана и реши да се моли
Зошто ли зошто
загина чедото мое?
До кога и
зошто толку неправда и злоба?
Тажна судбина
надвиснала како најтешка карпа
Страдања и немири
за народ напатен
Кога ли ќе
запрат?
(Makedonski heroi)
Gordana Dimovska
No comments:
Post a Comment