Автор: Љубица Поповска
Месечеви коси ги
прибрале
Сите светлости на
градот
Што крај Пелистер
е вгнезден.
Илјади светла, ко
илјади жарови
Што искрат во
ноќта
Месечина цела.
И месечина тиха,
спокојно
Ко на дланка
Го носи шепотот
на повевот тивок
И секој во оваа
вечер е побогат
За уште еден
живот.
На малку само
искрите им гаснат
А луѓето дишат
Во животот река.
И градот дел од
гнездото свое
Или пак одлеаните
зраци,
Ко пролетни птици
се враќаат, ете.
Избор од стихозбирката Битола Бабам Битола (второ
проширено издание) на поетесата Љубица Поповска
No comments:
Post a Comment