Skip to main content

НОВИ СТИХОЗБИРКИ НА ЉУБИЦА ПОПОВСКА

Уште две нови поетски остварувања на поетесата Љубица Поповска. Од печат излегоа стихозбирките: “Пролет во мојата душа“ и “Битола Бабам Битола“.
На 70 страници е излеана пролетта во нејзината душа како што и самиот наслов кажува. Љубица пишува со неизмерна мотивација и љубов кон нејзините внуци кои длабоко ја инспираа да и се врати на поезијата.
Во предговорот на книгата стои: “Песните ја откриваат светлината, топлината и радоста која ја носат внуците доаѓајќи на овој свет. Се е кристално јасно и лирично. Песните и никнаа дишејќи со нив, смеејќи се, милувајќи ги нив.“ - Елена Поповска
Нивните лица пролетно насмеани весели гласови ко потоци распеани. Тие се и денот нов што се раѓа и сонце што грее и шепот на ѕвезди. Прв чекор, насмев, запче.
Во четириесет песни Љубица пишува за Битола, за битолската чаршија, пајтоните, саат кулата, спомените, љубовта кон родниот град. Низ стиховите се редат емоции, воздишки, почит кон минатото, времето како да застанало и ги оживува повторно сите убавини на едно место, во еден здив.
Еве и дел од критиката: “Инспирацијата, поетската постапка и поетското остварување кај Поповска се движат по една творечка линија, која во основата е искрена, податлива ненаметлива. Наместа се добива импресивна слика за тоа како стиховите да извираат од едно ненарушно поетско чувство и тоа е една творечка особина, што ја среќаваме кај далеку поискусните поети - Доне Пановски, литературен критичар, Битола.


Пајтони
Од збирката “Битола Бабам Битола“ (проширено издание)
Низ свежиот ноќен воздух
низ Битола,
вози пајтонот претоварен
со погледи на љубов
трепетни воздишки
и пијани сништа и надежи.
се слуша
разиграната игра на тркалата
на калдрмата
и звонскиот одзив
на копитата
од белите коњи.
Вози сништа успани,
ѕвезди симнати,
месечеви зраци украдени,
насмевки расцветани.
Вози
боеми и немирни ноќи
и шепот на срцето
и полни чаши,
привидна радост и
пијана тага.

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.