Skip to main content

Posts

Showing posts from July, 2015

ИЛИНДЕН

И до кога ќе трпиме до кога во ропство ќе чмаеме и глави ќе веднеме. Летна мисла една за слобода жртва вредна. Ќе кренеме гордо глас ете,чукна и тој час. Истрел се слушна борба во Крушево гори, комити се бијат, слободна територија се створи.

ЖИВОТОТ

Животот е совршенство од несовршености, животот е перфекција од недоследности. Животот е плач од раѓање, музика и танцување, размена на емоции, примопредавање на енергии и молк и плач при умирање. Животот е вртолом од спомени, бура од мемории, желба за овековечување на моменти и  стегање заби нешто да се заборави. Животот е рака подадена за запознавање, прегратка понудена за утеха, рака на рамо и рака за збогување. Автор: Емилија Жупанова Poema Zivot - Emilija Zupanova

ТАЛКАЊЕ НИЗ ОЧАЈОТ

Автор: Славко Крстевски Зошто ми ја замолчивте песната што сакав да ја распостелам.. Зошто ми го прекинавте орото што сакав да го растегнам до бескрајот... Зошто ми ги растуривте планините од кои ги гледав полињата.. Зошто ми ги прсушивте реките по кои пловев до морињата... Зошто ми го прекривте изгрејсонцето за денот да ми биде ноќнина... Зошто ми ја избришавте насмевката со која си ја лекував тагата Зошто ми ја покажувате иднината кога ме закопавте во небиднината...

НЕЗАБОРАВЕН НАСТАП НА ВИРТУОЗОТ НА ВИОЛИНА - ЗОРАН ЏОРЛЕВ

Во организација на охридското социјално друштво Св. Наум Охридски од Мелбурн, во Мелбурн Австралија гостува виртуозот на виолина, Зоран Џорлев. Првиот негов настап беше на Охридскиот бал, одржан на 4 јули во Emerald reception, Thomastown.  Се чини дека на македонската публика во Австралија и недостигаше и еден ваков настан па со задоволство ги проследуваат неговите импресивни сплетови од македонски ора и песни. Џорлев, македонската народна песна ја везе низ звуците на виолината и го опчинува срцето на слушателите. На неговите концерти учествуваат и естрадните уметници Татијана Лазаревска и Новица Василевски исполнувајќи ги своите хитови, омилени на публиката. Честитки за многубројните организирани концети, активности од хуманитарен карактер на претседателот на Охридското социјално друштво “Св Наум Охридски“, г-динот Васко Ангеловски и сите нивни членови. Оваа година го добија престижното одликување и од Претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов Фотографии на Васко Ангеловс...

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОДРЖУВАЊЕ “КУЛТУРНИ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“

Почитувани, Поради големиот интерес од страна на претставници на иселенички организации за промовирање на активностите поврзани со чување и негување на македонската култура во иселеништвото, Агенцијата за иселеништво ќе организира ,,Иселеничка културна средба“ на 23 јули 2015 година, во амфитеатарот на Министерството на надворешни работи во Скопје. Манифестацијата ќе се одвива со следниот редослед: 10:00 часот: Поздравен говор 10:30часот:  Промоција на новоиздадена книга „Во друга светлина“ од Ивица Челиковиќ, иселеник од Гетеборг 11:00часот: Промоција на новоиздадена книга „Шепотот на љубовта“ од Стојан Ѓоргиев, иселеник од Берлин 11:30часот: Промоција на новоиздадена книга „Чемерна осаменост“ од Борче Андоновски, иселеник од Малме 12:00часот:  Промоција на книгата „Златната судбина на времето“ од Нове Младеновски, иселеник од Мелбурн 12:30 часот Пауза за закуска 13:00часот: Промоција на 40 годишишна настава по македонски јазик во Канада, наставник ...

ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА

Одлета од својот роден крај  како птица во едно пладне пролетно Преку мориња, океани да најдеш нов дом. Ти си се уште далеку од Македонија, а таа ти е во срцето Испреплетена како бршлен во секоја твоја воздишка и потајна мисла. Во  сонот патуваш низ твоето детство по твоите  патеки на младоста Со пролетните цветови на твоите коси Кои го опојуваат секој минувач А тебе ти ја полнат душата Со бескрајна љубов кон родината. Пишуваш и твориш за свojата земја Секој збор МАКЕДОНИЈА значи Од секој збор Македонија зрачи. Те враќа таму каде што со мудрост се задои Те враќа таму кај блиските твои кои со радост го чекаат враќањето твое. Ти чекориш смело и се враќаш ДОМА Конечно дома, од каде што мајчините солзи Те испратија со болка и тага, Дома кај твоите браќа, твојот татко Твојата мисија беше силна и одекна силно Секој чул за твоите дела и те поздравува милно. Не ја запирајте да мисли, Не ја запирајте да тагува и сонува, ...