
Во организација на охридското социјално друштво Св. Наум Охридски од Мелбурн, во Мелбурн Австралија гостува виртуозот на виолина, Зоран Џорлев. Првиот негов настап беше на Охридскиот бал, одржан на 4 јули во Emerald reception, Thomastown. Се чини дека на македонската публика во Австралија и недостигаше и еден ваков настан па со задоволство ги проследуваат неговите импресивни сплетови од македонски ора и песни. Џорлев, македонската народна песна ја везе низ звуците на виолината и го опчинува срцето на слушателите. На неговите концерти учествуваат и естрадните уметници Татијана Лазаревска и Новица Василевски исполнувајќи ги своите хитови, омилени на публиката. Честитки за многубројните организирани концети, активности од хуманитарен карактер на претседателот на Охридското социјално друштво “Св Наум Охридски“, г-динот Васко Ангеловски и сите нивни членови. Оваа година го добија престижното одликување и од Претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов
Фотографии на Васко Ангеловски
No comments:
Post a Comment