Thursday, January 14, 2016

ОГНОВИ

Огнови разгорени, силни
Расфрлаат искри со возбуда, радост, убави желби и надеж за подобро утре.
И денес спомни си за големата добрина и ука
На големиот Отец на црквата Христова,
Да не заталкаш во погрешни правци
Да не се изгубиш во немирни реки
Да не ти остане душата ко пустина празна
И жедна за духовна храна.

Неговата рака ги хранеше сиромашните и гладни
Ги поеше жедните за вода но и за ука,
Се исправи силно против разодорот и ересот
За да царува љубов и правдина во светот.


И во негова чест паричка за среќа ставаме во лепче
Традицијата да продолжи на секое парче македонска земја
На секој континент каде Македонец гнездо свил
Да биде светло катче полно со дарежливост и љубов
Како што и тој бил, Големиот Отец, Свети Василиј Велики.

И еве, светлината од пламенот на василичарскиот оган
Се распослала над секој дом и стреа,
Во родното огниште но и преку океани, мориња ширни.
 И секој миг исфрла се повеќе искри
испраќа пораки врели, За Василица и годината што иде.
Ги гали вжарените образи и милно шепоти во тивката ноќ
Само да знаеш да се прикрадеш и чуеш нејзините тајни
Ќе те свие во својата топла прегратка  и исполни со моќ.

Поема: Огнови 
Автор: Гордана Димовска
Ognovi - Gordana Dimovska





No comments:

Post a Comment