Thursday, February 11, 2016

СПОМЕН КУЌА СТАРА

Автор: Љубица Поповска

Остана куќата сама
ни порта веќе нема,
нема да шкрипни резе
та,секој може да влезе.
И корените останаа таму,
без фиданки и гранки
и дојдовме овде ние
и разгранавме нови гранки.

Оставивме спомени драги
оставивме детски сни
и тргнавме по светот со нови сили
роден крај во душа ни си.
За родниот крај само
песната нè  храни,
каде и да сме сите
под негова покривка сме збрани.

Poem Memory house (Spomen kuka stara) -
Author:  Ljubica Popovska

Macedonian Timeline

No comments:

Post a Comment