Жено, мајко
родилка си
и надеж на животот.
И изгрев, светлина
топлина, сончев зрак,
на рожбата твоја ова
и зората нова што веќе се руди.
Се роди дете
нов живот се буди
Капка роса во овој универзум,
нежно ко тревка,
ко цвеќе.
Извор си,
на новородениот живот
што извира,
со слатка болка
што рожба носи,
а пот чело, ти лади, роси.
Ќерко, родилко,
мојата судбина е и твоја.
"Нема да имаш,ни мир,ни спокој
а твој дар и желбата е твоја
зборот мамо од рожбата своја.
Ќе носиш круна
што ќе свети само
со светлото име
МАМО."
Автор; Љубица Поповска
Poem: Mother by Ljubica Popovska
No comments:
Post a Comment