Sunday, March 27, 2016

МОНОЛОГ НА ЃОРЃИ СУГАРЕВ


По повод 110 годишнината од загинувањето на Горги Сугарев
 Стрелам со поглед молња
и гром малихера
во ѕидни простори
што во пранги тонат.
И само една е целта.
Ќе напнам
да бидам река на животот,
Параливо мое.
Еве мои браќа
идам со соколи
на моите раце-
одбор јунаци
и "слушам ви гласој,
гласој жалосни".

И извик со братски глас
што утеха дава
и надеж грее.
И крик што вести бура
"гуните пусија свиткувајте
зашто се камен тешко најдува"
И како во лет
со јунаците во јуриш
(еј ,тој кодош клет)
со насмевката -слобода
полетаа во бурата,
во борбата.
Загина Горги Сугарев
со неговата верна дружина.
Заплака тоа Мариово
за храбри момчиња

од таа каза Битолска.

Поема: Монолог на Ѓорѓи Сугарев
Автор: Љубица Поповска

The poem:  Georgi Sugarev's monologue
Author: Ljubica Popovska

No comments:

Post a Comment