Автор: Живко Деспотоски На зборот дај му ја слободата на делото не затворај му ја книгата, остави го нека диши и нека го примат тие што не го примиле. Просветли ги, покажи им го патот да не заскитаат по незнајни патишта, словото со кое глаголиш нека биде семе плодородно и остави го, оплодувај го во писанието, оти од пишаното не ќе куртулиш, не ќе се скриеш, ќе те најдат по говорот и по јазикот, исти сте во секое премерување.
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ