Автор: Живко Деспотоски
На зборот дај му ја слободата
на делото не затворај му ја книгата,
остави го нека диши
и нека го примат тие што не го примиле.
Просветли ги, покажи им го патот
да не заскитаат по незнајни патишта,
словото со кое глаголиш
нека биде семе плодородно
и остави го, оплодувај го во писанието,
оти од пишаното не ќе куртулиш,
не ќе се скриеш, ќе те најдат по говорот
и по јазикот, исти сте во секое премерување.
Растојанието меѓу вас се мери
по тежината на вреднувањето,
кој збор е потежок и кој повреден,
исти се, дeлата пред просветителот
оставаат траен печат втиснат во историјата,
во векот во кој постоиме и се множиме,
како потомци на пишаното дело.
Автор: Живко Деспотоски
на делото не затворај му ја книгата,
остави го нека диши
и нека го примат тие што не го примиле.
Просветли ги, покажи им го патот
да не заскитаат по незнајни патишта,
словото со кое глаголиш
нека биде семе плодородно
и остави го, оплодувај го во писанието,
оти од пишаното не ќе куртулиш,
не ќе се скриеш, ќе те најдат по говорот
и по јазикот, исти сте во секое премерување.
Растојанието меѓу вас се мери
по тежината на вреднувањето,
кој збор е потежок и кој повреден,
исти се, дeлата пред просветителот
оставаат траен печат втиснат во историјата,
во векот во кој постоиме и се множиме,
како потомци на пишаното дело.
Автор: Живко Деспотоски
No comments:
Post a Comment