Monday, October 21, 2019

HAVE YOU SEEN "THE LAST MACEDONIAN" - VICTOR BIVELL

Have You Seen ‘The Last Macedonian'?
By: Victor Bivell
The speech for the launch of "The Last Macedonian" by Dushan Ristevski. Sydney, 19 October 2019.

Good evening to everyone. Thank you for the opportunity to help launch the latest play by Dushan Ristevski. Let's start at the very beginning, the title ‘Posledniot Makedonets", "The Last Macedonian".

It's an interesting concept, ‘the last Macedonian'. Macedonians have been thinking and talking about it for a while, but something tells me our enemies have been thinking about it for a lot longer. Well over a hundred years perhaps and probably more. It's possible there have been people imagining a Macedonia without Macedonians for a long time, and it is a measure of their success that now Macedonians are also thinking about it.

So is this play really about the last Macedonian? Or even ‘the very last Macedonian'? Well, if you haven't seen the play I'm not going to tell you. You have to read it, or see it, or watch the DVD.

What I will tell is that it's a very good play. For a start, there are plenty of interesting characters. There is Philip and his wife Szezhana, their children Makedon and Makedonka, and Philip's mother Solunka. They live in Bitola, and yes, the names are also allegorical.

Sunday, October 20, 2019

ПРОМОЦИЈА НА "ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ" - ДУШАН РИСТЕВСКИ

Промоција на книга во Сиднеј "ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ" - Душан Ристевски
Минатата сабота, 19 октомври во просториите на Civic Theatre во Хрствил, предградие на Сиднеј, успешно се промовира книгата „Последниот Македонец“ од Душан Ристевски во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ и со финансиска поддршка од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Промоцијата беше како дел од овогодишната програма на Фестивалот за уметност Discovery.
Програмата ја водеше Лара Мабеи од Македонскиот театар која накратко даде слика за работата на двете македонски организации, за авторот Душан Ристевски кој зад себе има издадено повеќе книги поезија и нашишано над 18 драмски дела сите ставени на сцена од АМТС.
Промоцијата ја направи познатиот македонски издавач и уредник Виктор Бивел кој направи содржајна анализа на драмата која го отсликува животот на еден Македонец во овие турболентни денови за Македонија. Осврнувајќи се на историските факти и желбата на соседите да го уништат коренот на Македонецот како и на надворешните сили кои ги интересира профитот, а не националното и културното чувство на луѓето. Прашањето кое остана да лебди над присутните и на кое постојано ние сите треба да размислуваме: дали ние ќе бидеме последни Македонци поради коренот што сегашната предавничка влада ни го сечи? Или пак ќе се свестиме и сé ќе направиме за да опстоиме како нација во овој свет на турболетност каде посилниот го уништува послабиот.

Thursday, October 17, 2019

НОВ ФИЛМ НА АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ

Се подготвува нов документарен филм од Александар Донски:
ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА ВО ВРЕМЕТО НА ИСУС ЖИВЕЕЛА ГОЛЕМА КОЛОНИЈА МАКЕДОНЦИ!
Во продукција на: Австралиско-Македонскиот театар од Сиднеј почнаа подготовките за снимање на најновиот историски документарен филм од Александар Донски под наслов „ИСУС ХРИСТОС И МАКЕДОНЦИТЕ“. Ја искористивме оваа прилика за разговор со авторот.
 И.Т - Г-дине Донски, Вие тврдите дека во времето на Исус во Светата Земја живееле Македонци и дека некои од библиските личности можеби имале македонско потекло. Врз основа на што го тврдите ова?
 Донски: Ова го тврдам врз основа на древните еврејски извори, но за жал овие податоци се малку познати кај нас. Познато е дека Македонците делумно или целосно владееле со Светата земја околу 270 години и тоа од нејзиното освојување од страна на Александар Велики Македонски, па се до времето од само неколку децении од раѓањето на Исус Христос. По смртта на Александар, неговите наследници основале голема Македонска колонија  во Светата земја која континуирано егзистирала и во времето на Исус, но и потоа.

Tuesday, October 15, 2019

НАЈГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНА ВО АВСТРАЛИЈА


И по осум години, првиот македонски фестивал на храната со нетрпение се очекува и пробудува се поголем интерес не само кај Македонците туку и другите нации во Австралија кои секогаш со задоволство ги посетуваат штандовите со вкусни македонски јадења.
На едно место се собираат илјадници посетители кои се обземени од убавото чувство дека на еден убав начин се прославува македонската култура, традиција и фолклор.
Оваа година ќе има голем избор на македонски традиционални јадења, па посетителите ќе имаат можност да уживаат во вкусот на: тавче гравче, сарма, бурек, мекици, индијанки, еклери,тулумби и други специјалитети препознатливи за Македонците од сите краеви на Македонија.